Во Кисела Вода има неколку бутици што имаат преубава облека со ниски цени. Мислам дека беа 300-400 денари. Локацијата е кај Чешма, веднаш карши самото кафанче Чешма. Инаку, каде да најдам вакви wide trousers низ Скопјево, ама ефтинки троа? Не ми се даваат 1000 денари за вакви, и важно ми е да се тегет или сини, некоја убава боја.
Дали знаете каде низ Македонија има ваков сирена модел на венчаници? Досега никаде не најдов, се' се само широки. Значи во било кој град.
Имате ли видено сега вакви сандали некаде? Можеби е уште рано, но ако сте виделе многу би ми било хелпфл Може било која боја.
Здраво девојки Дали некаде имате видено целосни панталони некој интересен модел како за свадба? Опседната сум со нив.барав во некои продавници ама не најдов
Можеби ќе најдеш, ако не, искомбинирај корсет со пантолони. Spoiler Ужасно непрактични се, помисли на моментот дека кога ќе ти се оди во тоалет треба цела да се соблакаш
Здраво девојки, да ве прашам дали знаете каде во Скопје има убави ама посвечени ташнички, како оние clutch што се и со по прикладна цена, денес шетав видов неколку ама сите беа над 1500 денари. Help me
Не, не е битпазар, позади битпазар. Од Скопје си? После Камени мост па сѐ до Битпазар тоа ти е чаршијата.
Знае ли некој каде можам да си најдам ваква сукња? По можност да е бела зашто во други бои имам веќе ама баш ваква неможам да најдам.