Ваков модел на класични пантолони има во Бебел. Ефтини се, под 1000 се. Само незнам дали има слична боја, провери.
Ми требаат ортопедски чевли за мајка ми, има проблем со рамни стапала и мора да носи такви. Каде да најдам но да се елегантни (да не личат на кломпи)?
Hit shoes имаат анатомски влечки и сандали кои мене лично ѓнофм ми се симпатични (има кај Беко и на Бит Пазар, може и на друго место да има ама не знам). Видов дека и во Адесо Тренд имаа објавено за анатомски (ГТЦ први кат)
Женски помош околу свечени комбинезони, нормално да не личат пазарски и да бидат со некоја нормална цена
Каде можам да ги најдам патичињава? 2015 колекција се, ама многу ги сакам. На спорт вижн ги имаат на страната но ми одговорија дека ги немаат на лагер.
Можеби доцна одговарам, но јас сум презадоволна од градниците без прерамки на Women'secret и Calliope. Особено тој на Women'secret, активно го носам година ипол и сѐ уште супер се држи. Нешто слично гледав во Calliope, а малку покласични имаш во Koton.
Јас ги купив истиве но тегет, во аутлетот што е накај Лисиче мислам, околу 1100 ден, но уште пред 2 години. Ако те носи патот натаму провери си.
Здраво. Во потрага сум по сандали со дебела штикла, не премногу високи, нешто слично на овие од Марвел. Моделите се преубави, но на нога не ми се удобни и не ми одговараат. Би била премногу благодарна да ми предложите каде би можела да најдам нешто од овој тип. Металик, циклама, тиркиз, да не се црни. Фала
Нешто малку поразлично и необично ги видов денес и многу ми се допаднаа. https://www.stradivarius.com/mk/wom...andals-c1020054514p300607502.html?colorId=202
Ау топ се! Боите се исти како на фустанот со кој планирам да ги носам. Дефинитивно ќе одам да ги пробам. Фала многу!