UGG чизми (не оригинал, моделот ми треба ) ама да не се од оние зимните со крно, туку само така. Ниски до глужд, и не мислам на оние летни чизми со дупку туку баш угг без крзно и не дебели
Каде да си купам овакви бикини? Значи важен ми е долниот дел да биде таков. Или па само долен дел, не мора двата дела и цените да бидат приступачни (отприлика ако е еден дел до кај 300-400). По можност еднобојно, или па некое без многу тракатанци и шари. (Многу барам )
Ragazzina купачи онакви еднобојни со боксерици провери си во Санда и во Пенти таму се до кај 1000 максимум, Санда еднобојни имаше и за 600 aма дал беа боксерици долните не знам, да не те излажам. И во Елит/еко провери. Овакви дводелни вајда треба да има лиска ова она, што не значи дека и на поефтини места нема да се најде. Абе искочете прошетајте, шопингот е здрав за жените, не чекајте некој да ви каже на интернет A фустанчиња летни кога ќе прашате кај има ми се крева коса. Во секоја продавница, баш секоја, годинава како што има фустани никад немало
^^Знам дека лани кога се шетав низ Битпазар и Шутка имаше преубави купаќи и многу ефтини, а јас предтоа си имав купено 2 пара од кај мене од населба... Криво ми беше што не си купив од таму тогаш ама годинава дефинитивно од таму купувам, преубави се + ефтини..
Имаш антилопни во Еуроазија. 1800 денари се и се од колекцијата на Страдивариус. Слични се на овие ама тие се поубави
Каде да си купам црни хеланки? Да бидат долги Сега знам дека има сегде ама мене ми треба за слаби и високи девојки, затоа што кај и да пробам ми стојат како панталони не како хеланки Каде да си купам корсет фустан? Ваков некој ама да биде краток како овој и да биде ваква или црна боја
Имам видено вакви шешири во Accessorize, али не ми текнува колку пари беа. Разгледај и низ трговски горе во 4 U Accessories и на прв спрат во Accessoires.. најверојатно ќе најдеш таму
Дали некој знае каде можам да најдам летна кратка сукњичка со цветен дезен во Скопје? Фала многу однапред
Каде да најдам вакви чевли, може доле да е целосно сламено ама да не бидат позади со ремче туку целосно затворени и црни? Спремна сум насекаде низ Скопје да отидам