Каде да си најдам вакви ниски папучки, овие се на штикла, ама јас сакам скрос ниски, гледам низ градов многу се носат, па сака да си земам, ај плс некој ако видел негде...
Женски а дали знаете во кои продавници за облека можам да ја користам ISIC,во Скопје (за Рамстор и ГТЦ главно ме интересира)? фалааа Женски и дали имате некаде во ГТЦ или Рамстор видено вакви сандалки,преубави ми се и сакам да си земам нареднава недела ако најдам.Ако видела некоја од вас плс нека ми каже и колку пари се! фалааа http://www.facebook.com/photo.php?f...a.10150167336310936.296761.53133370935&type=1
има во Павиа купи евтино, еднобојни и цевтни! изгледа дека одговоров ми отиде на погрешно место, погоре една формука прашуваше за целосни панталони т.е комбилизонки, одговорот се однесува на нив! by the way цветни мислев!
во биана (така ли се викаше незнам) ама има продавница во буњаковец и на даме груев (од улица македонија после плеј кафиќот скршнуваш на лево и има краш продавница па до неа)таму ги гледав баш исти како овие последните сиви има- се надевам дека ти објаснив добро
каде можам да си најдам шорцеви тексас..ептен кратки да се..цело скопје го пребарав ..нигде не си најдов..
Е како нема нигде кога сегде има Во Бисер бев завчера видов , не знам како се викаше продавницата ама имаше кратки .Таму сигурно има ама има и во ГТЦ , гарант. И во ТелиВејл
Кога одам накај ГТЦ секогаш приметувам едни слични на овие штикли, во Мона само се потемни и со некое каишче плус, но како и да е преубави се. Продавницата е кога одиш од плоштад накај ГТЦ, од лева страна.
Евтина облека а сепак убава Девојки во последно време се соочувам со голем проблем...низ продавниците има милион летни работи што веднаш би ги купила ...но да имав доволно пари за сите нив.Имам огромна желба за нови работи.Посебно тоа што е лето и никогаш не сме дома.И секако одењето на одмор ,базенти...Милион парчиња на облеки за летниов период...а премногу скапи продавници.Ајде сега...знаете евтини продавници?А убави работи?Сега сте ми потребни.Во Скопје по можност
Дечки кај да барам убави купачи во Скопје, по можност bandeau bikini од оние без прерамки што се и не од оние светкави мтеријали на кои често налетувам До кај 1500ден да се
Њујоркер Каринче 600 горни и 600 долни. Имаат и прерамки ама им се вадат... на др место неам видено, има еднобојни во убави бои небесно сини, циклама... тие ми паднаа во очи
Карина лани една моја другарка од Ѓорче - Тинексот зема црни што им се вадеа прерамките за 550 денари, видов и вчера има купаќи ама не знам дали тие баш ги имаше
Не мора стрикно ваков модел, може и обични што би се рекло бразилски бикини така триаголници ама некое убаво моделче. Не знам дали е до мене или до нашиве бутици ама се на кич налетувам во последно време. Има многу убави модели и на ebay и други онлајн продавници ама не ми се нарачува така на невидено да ми донесат, сепак сакам да пробам а не само да ги забодам парите, соленки се цените на тие што ми ги покажа другарка ми а џабе ако после го погрешиме бројот. Зафркнато е со купачи, за горниот дел особено зависи од моделот кој број ќе ми е точен. Затоа сакам од овде тоа, ама некако слабо ми иде со изборот. На Лиска како се движат цените, имаат ли убави модели они годинава
Карина не сум нарачувала купаќи од интернет ама имам нарачувано патики многу , блузи , хеланки , шорцеви ..
Друго е тоа и јас нарачувам, ама за купаќи малку ми е зафркнато лани така порачав на невидено и долниот дел малце широк ете ги така стојат, а прекрасно моделче. Годинава сакала нејќела ќе ги дадам на братучетка ми, планирам да слабеам а не да се поправам кусо нека се Затоа решив од овде си барам сега, ако налета некој на продавница со интересни модели нека ме извести. Ќе проверам за овие во Њу јоркер, ај може ќе ми се допаднат
Еве на официјалната страна на Лиска ги има сите купачи од годинашнава колекција, а за цените не знам како се движат, знам само дека се загледав пред една недела во едни на излог и беа 3100 горниот и 3100 долниот дел. http://www.lisca.com/index.php?page=kop ... K&local=MK