Има на рекорд до продавницата на елексир порано што беше (сеа затворена е) Мало дуканче околку 300 и нешто ден беа.
Ист како на втората слика има во една продавница во Кисела Вода позади Коњот му доаѓа. Продавницата е за бижутерија, ташни, додатоци. Не знам како се вика, нова е. Спроти поранешно МаксиДе.
Знам каде е, фала ти многу. Таман и цена повеќе од доволна. Ми треба за да се маскирам во деловна жена Сакоа, панталони и здолништа имам едно чудо. Единствено со кошули слаба сум, па ќе треба да додадам уште неколку.
Вака од излог што имам видено убави се летни по кратки мислам дека има и без ракави не ме факај за збор има до нив и за мажи исто дуканче и цените се во ред
Сум го видела и јас, ама вака ако не ми каже некој никогаш не би ми текнало да влезам. Во последно време како пеперутка се облекувам, шарено и лелеаво, како детенце. Ама служба бара Тотално како изгубена, се убив од барање сако и панталони да комплетирам пред некој ден, а до мене сум имала феноменална продавница само за таа намена Кога не носиш нешто и пред нос да ти го стават нема да видиш
Иста сум дома кошули еден куп а носам маички како детенце со точки со цвекенца со мики маус ама ете поудобно ми е така Во проавницава еднаш отидов ама затворено сакав да отидам до машкиот дукан ама се брзав и не влегов па ако е затворено отиди до машкиот прашај таму да не е продавачот
На зелено пазарче, првите тезги после папучите, сѐ е тоа асортиман од оптичарски продавници, не е како на битпазар тие што продаваат на улица. Секоја година тука си купувам наочари за сонце за 300-350ден, и секако со заштита се.
Темно кафен женски каиш, од еко кожа? Во Сити мол по можност. Не сум купувала со години каиши, а итно ми треба.
Девојчиња, итно е ве молам. " Болна легнав" за вакви патики. Кажете некоја онлајн страна нешто, да имате ваков модел видено ? Фала од срце
@Anna-Banana имам слични само скроз црни и не со толку висока гума, од Солун ги купив од Мега аутлетот кај Икеа пред скоро две години. Air Force 1 е моделот. Има одредени модели и кај нас, имам видено во Сити Мол во спортските продавници. Ниски знам дека имаше, баш ги гледав, а вакви до глужд не сум сигурна. Овие со повисока гума се преубави
Девојки немам мн време за шетање па сакам да ми кажете каде низ скопје(центар,к.вода,аеродром,карпош)да најдам евтини купачи целосни или само горниот дел? Мислам да идам до рамстор до сара фешан али незнам дали ќе најдам ако знаете негде ве молам за помош
Ич не знам да ти кажам... Само знам дека има попуст, а и пред попустот цените им беа пристапни. Исто и во Котон има попуст.