Девојки каде низ Скопје можам да најдам обични добри хеланки што не се прозираат со убав ластик? Исто така ми требаат и хеланки за вежбање со попристапна цена?
Во Чаир. Ете горе улицата пишува Џон Кенеди, според мене лесно се наоѓа. На семафорите кај Верото лево, па прва лево. Цветан Димов е главната улица што продолжува после Битпазар покрај Јаја паша, накај Чаир.
Јас ја знам таа што е после Хисар оваа е некоја друга што неможам никаде да ја најдам. Не сум инаку од Ск и не го знам баш добро Чаир.
Да видиш во Ивери, мислам дека пенсил сукњите им се од 350 до 500 денари. И во бутик Различни во Буњаковец има секакви сукњи по попристапни цени. Отприлика од 400 денари нагоре. Мене ме интересира колку пари се пижамите во Стружанка? Ми требаат само долни делови, па ако некоја купувала така нека сподели за цените.
Се надевам не е доцна. Sarita prodazba мислам на фб беше, и исто така Se za moda, ако не можеш да ги најдеш ке ти пуштам линк.