Фармерки сте купувале од Waikiki, Pull and bear или Теранова, да ми кажете како сте задоволни од квалитетот?
Јас купувам фармерки од Ваикики од тинејџерските машки модели зашто носам мал број , 27. Имаат класичен крој, не се шират, не пуштаат боја и задоволна сум. Цената е околу 1.100-1.200 ден. и многу ретко може да ги најдам на намалување. За моделите за возрасни не знам дали е ист квалитетот. Од други брендови не купувам, бидејќи не сакам хулахопки-фармерки.
Од Pull and bear многу сум задоволна, квалитетен е материјалот не се шири до разобличување како на пример во теранова, плус удобни се многу
Хелп, исто така барам блуза со голи раменици и долги ракави, ама ракавите да се како засебно сошиени за другиот материјал, а не споени. Има ли кај нас вакви? Значи не вака споено Туку да се посебно сошиени ракавите вака
Јас од Pull and bear еднаш имам купено, се разобличија цели, за никаде. Ги поносив ептен малку и ги баталив. Џабе што беа удобни, квалитет нула
Од waikiki немам купено никогаш, од Pull често и сум задоволна, а теранова катастрофа, ми се раширија, коленици ми се направија (барем мене така ми се погодиле)
И јас имам едни од таму, некако чудно се истегнаа, еластинот дали им се зезна ама како надувани се на некои места. Порано коа не ме мрзеше идев од Шутка си купував фармерки за ич пари, по 600 денари, па пак поубави од овие од Пул ен беар искочија. Сеа за сега, 2 пати иам начекано од Манго фармерки на попуст и стварно ми се погодени супер. А обично пред ова, цело време купував или од маалски некои продавнички или од Шутка. Турски фармерки, да ги износиш и да ги смениш зашо веќе срамота е све у истите да идеш. Јас си ги исеков и шорц си ги направив, да им ја исцедам маста до крај.
Фала ви девојки. Купив од Waikiki еден пар, не беа скапи многу, и едни од Котон на попуст, па ќе видиме како ќе се покажат.
Има само на одредени модели и бројчиња на фармерки. Цените се движат од 500-600ден. па нагоре. Провери си сепак, можеш да најдеш нешто
Од котон убедливо најлошо искуство имам со фармерки. Еднаш земав и јас така на попуст демек, 700 денари беа. Со висок струк беа, многу убаво ми стоеја кога ги пробав таму. И таман си се испорадував си најдов фармерки евтини преубави, оп после 5 носења вреќа станаа Значи скроз се раширија изгубија облик не личеа на фармерки веќе.. Со причина ги ставаат на попуст не се залетувајте поради тоа
Многу е битен материјалот, и процентот на еластин во нив. Ако е многу голем %, тогаш поголема е шансата да се истегнат. Внимавајте многу во изборот на материјал.
Девојки каде по бутициве низ Скопјје може да најдам вакви подолги џемпери што се носат како фустанчиња? Но да не бидат претерано скапи