Да не знаете каде низ ск можам да најдам вакви патики да не се марка само , пошо ми се за летово А и да напоменам да не се мн скапи до 2000 денари
Ги имам вторите, преубави се... Инаку можеш да отидеш во АУТЛЕТ на Адидас во Ск, кај Борис Трајковски или пак во ГТЦ, има ефтини патичиња, а стварно убави... Поздрав!
И јас барам кратки тексасни шорцеви ама во Битола.Да се пообични,без шарки,циркони,пулејќи и слични трти мрти Обични.Може и светли и темни,важно да е тексас.Ама да не се искинати
Девојки дали знаете каде можам да си најдам кафен каиш во Скопје алии за евтини парички?не ми се даваат многу за каиш иако има преубави низ центар...
Зошто да не отидеш? Одма се на горниот пазар првите тезги и по 200 се, а во бутик ке ги купиш по 500 600 700
Дали знаете каде има вакви шеширчиња а за евтини парички?! Видов во теранова но многу се скапи..700 денари...сакам со црна трака
Шалвари,памучни,пристојно шарени,ама по приступачна цена зошто планираат да бидат носени само на одмор и некој долг фстан,исто памучен,еднобоен,ама ко шо се носат,исто по приступачна цена од истите причини.(да избегнеме познати информации,не по познативе бутици,отидов,видов и ми требаат 5000 само за три партали кои ќе ги носам 10-15 дена)
во карпош имаш продавница каде се е по 200 денари имаш милион убави работи онака летни фустанчиња пантолончиња блузички зависи од вкусот нормално али навистина има убави работи а се е по 200.пред таа продавница има друга која е малце поскапа..има по 300 шалвари ..јас и купив тегет кратки шалвари и си ги изнаносев да ти кажам ..преубави се и памучни и тенки...и уше си ги носам
Абе 200 денари,пари ли се.Може и до 1000,зошто јас најдов над 1800 па нагоре...нешто што ќе го носам само една сезона и тоа малку денови,аааха,нема шанси.Имам еден куп летни,одморски партали од претходни години,па дури и од лани што оваа година не би ги носела... Кај е таа продавница во Карпош?! Фустанот мора да е еднобоен,а шалварите шарени инаку! И никако циклама,лилаково и слично,се кафено,тиркиз,црно,крем,доаѓа у предвид! И јас па го претерав сеа.
Лилит јас во новиот бутик -Пикокс видов шалвари 950 денари беа , и убави ств . Видов и во Еко и Елит. Шалвари и кај мене во населба во маалска продавничка за 800 денари . Во Лептокарија во Позитив има долги фустани по 950 , вчера бев
ЛаЧика во МисПоем на Рекорд има , баш ги гледав пред некој ден По 400-500 денари беа мислам , не сум сигурна Ама убави беа