Феминки знае ли некој каде можам да најдам свилен бадемантил? Видов во Њу Јоркер но 1500 1600 е . Некаде да знаете поефтино? Или комплет бадемантил и под баде мантилот тоа што е како свилено фустанче?
Уфф навистина не би знаела да ти објаснам каде се наоѓа продавницата. Ама во повеќето продавници што имаат пижами имаат и наметки и комплети од сатен. Исто и на женски пазар внатре кај продавниците би можело да има.
Биана имаат квалитетни чизми за 40-70 евра. Со сигурност ќе ги носите најмалку 3 години. Овој модел повеќе го немаат, штета а сакав да купам и црни. Инаку каде да најдам долен дел тренерки долу да се со рендер и подебел материјал? Во Ваикики имам купено два пара по 550 ден и дали се`уште ги има?
@elimkd Моите се црни и кога се валкани само ги четкам, на ѓонот понекогаш му ставам од обичната боја за кондури бидејќи убаво изгледа. Понекогаш им прскам спреј за превртена кожа (тој што го имам е само за сјај па и на кафеави чизми прскам). Досега ми немаат побелено.
https://www.lcwaikiki.com/tr-TR/TR/urun/LC-WAIKIKI/kadin/Deri-Gorunumlu-Bot/3213177/584924 Ќе си умрам по чизмиве, ги најдов во Охрид и не си ги купив и сега во Скопје ги нема во ниту едно ваикики, ми рекоја дека можно е пак да донесат, ако работи случајно некоја од вас таму или ги видите пишете
Ако се најде некоја ниска девојка, ако може да ми каже од каде купува фамерки и панталони кои и се точни? Многу тешко наоѓам. Препорака, ве молам
Фармерки купувам од тинејџерскиот машки оддел во Ваикики и немам потреба од скратување на должината, а панталони од Котон. Разгледај таму.
Гледав на интернет онлајн продавници има такви, а и ми се верува дека скоро во секој дуќан ги има Јас купувам, после и ги кратам и ги теснам по потреба, одлично изгледаат
Каде да најдам ролка со црвена боја и леопард нешто слично на аликава, бдв низ сити мол меѓутоа не најдов ајде којзнае нека ми пише