Има скоро исти во Prestige Shoes. Spoiler А и јас сум за оригинал мартинки ако ти одговара цената, јас имам и чизмите немаат смрт, периодов живеам во нив Мене ми се океј и за на снег, а ако ти студи секогаш можеш да им ставиш подебела влошка. Имам видено слични во Пеко, моделот е од лани, но мислам дека ги има и годинава. За цена не знам. Spoiler
Во мегафашион контстантно има на одреден дел од гардеробата 70%,на нешто 50%. Точно дека се напумпани цените ама можете свашта нешто да најдете за смешни пари.Јас купив може 5 6 парчиња(фустанче,кошула,тренерки,јакничка) и се тоа вкупно ми искочи околу 1500 ден.А притоа скоро се е манго,страдивариус,бершка...
Девојки,бил некој во бершка или страдивариус,дали имаат избор на фармерки убави и по кои цени од прилика?
Има на улица Македонија, во Гтц, Сити Мол, а за цена пишав дека не знам. Претпоставувам околу или над 3000.
Вакви има на секој излог од дуќаните во Буњаковец. Не знам каков материјал се, ама вака не изгледаат лошо од самиот излог. Можеш таму да видиш.