Црни обични хеланки читав дека има во Стружанка, па ме интересира дали се дебели, дали упкаат и колку чинат?
Ако имаш така поголемки бутови можно е да пукнат на работ меѓу нозе Ама сепак за тие пари се сосема ок, ќе издржат некој период. Инаку не се дебели.
Зависи до која цена. Ако бараш кожни тогаш во МОНА, а ако не, тогаш во продавниците за бижутерија и додатоци како Parfois, DOCA, Accessorize, а најефтини имаш во продавнициве за облека - Ваикики, Бершка, Страдивариус...
Пиши им на бутиков можеби ги имаат моменатлно знам дека вршат и достава. Девојкава е газдарица па најчесто се слика со облеката за на инста
Во Ваикики има капути модел на парка,ама материјалот не е некој квалитетот (од тој што се прават заваланици). Не знам која е цената. Тоа беше пред десетина дена. Можеби имаат и понови модели.
Во продавницата за чевли Адесо тренд во ГТЦ на втори кат, има убави кратки кожни чизми. Цената е околу 2.200 ден. Имаат намалување декември-јануари и тогаш цената е 1.500-1.800 ден. за кратките модели. Ако не ти се брза, следи ги цените.
Не ми се брза, одамна барам некои убави да се квалитетни, не само туку така да купам. Фала ти, ќе разгледам што и како имаат
Каде да најдам труднички блузи памучни без апликација освен во Пре-мама? Во Скопје ќе доаѓам ама на кратко па да знам да не лутам
Во ваикики имаш облека за трудници и знам еден во буњаковец таков бутик до КАМ маркет е долу по скали