Дали некаде можат да се најдат црни хеланки, од тие што се закачуваат на петата како порано што ги имаше? Баш се практични за облекување во тесни чизми.
Малку може ќе звучи глупаво прашањето, но бидејќи никогаш не сум купувала, a во план сум, па да прашам однапред некој што има купувано/има искуство, дали дозволуваат да ги пробувате обетките во Зара/Манго? Прашањето ми е бидејќи знам дека во пр. во Дуки Дасо дозволуваат, но дали и во Зара/Манго? Однапред благодарам
Девојки каде има крзненца што се ставаат врз капути, јакни на горниот дел? Отвори на фејс La boutique , во бисер имаше таму ставаа слики. мислам дека не смее, во бершка еднаш сакав да пробам, не ми дозволија. Јас купив вакви без врвките напред во лептокарија во miss sho shoes, мислам дека имаше и вакви, провери и во продавничките према рампа кисела вода.
@Darlingzz Како и што претпоставував, и така знам дека се запакувани назад како во кутивче и си мислев дека не би ја сигурно отварале за проба Ти благодарам секако за одговорот
Здраво, сакам да прашам дали некој знае каде можам да најдам престилка како на сликата, и која е цената. Ви благодарам.
И јас да потврдам дека не може. Зависи од моделот, но не се многу скапи, тие јас што прашував беа околу 1000 денари. Имам видено убави и не многу скапи во Групофиори во Рамстор, до Ваикики.