Девојкии, дали знаете каде можам да најдам вакви балетанки/кондурчиња? А богами ако знаете и каде има вакво сако, може и за тоа инфо Пријатна вечер
Слично сако си купив од Страдивариус пред некое време, сега може и да е на попуст. А вакви кондурчиња и јас барам, ако знае некој нека помага
Сте виделе ли некаде онакви кратки (до задник) бундички, секако не од природно крзно, но сепак убави , не расчупани? Има во калиопе , но само големи броеви се останати..
Во погрешна категорија сум, ама итно ми е. Дали некој имате сретнато ваква музичка кутија и ако да каде?
Во Валери имаш дрвени многу убави има мал и голем,а во Ченто Валери цвеќарата има голем плав 450 денари на попуст.И во MOSS на Бит Пазар има ама поскапи беа не знам точно можеш да провериш на нивната страна.А ако бараш вака од порцелан не знам каде има
Таков модел на обувки есента видов во продавницата на Биана (како киоск) на влезот на ГТЦ од страната на Холидеј Ин кон пролазот на Жена-парк. Ги имаше во неколку бои, а цената беше над 1.000 ден.
Дечки, каде можам да најдам црн клот женски дуксер со нормална величина? Најдов на пар места како што се Terranova, New Yorker, Calliope итн, но дури и XXS величините се големи! Едноставно сите се oversize модели низ градов! Сакам вака да стои: Само клот, без дизајн/натписи.