Гледам и помлади и постари носат плетени капи со 2 „пуфки“, како ушиња доаѓаат. Влегов во повеќе продавници, ама такви не видоов. Дали некој знае каде има и колку чинат отприлика?
Пред извесно време видов некаде во City Mall. Не можам да се сетам дали беше во Зара или Бершка... Ѕирни таму, можеби се' уште има. ☺
Каде да ги најдам овие чизми на достава нека ми предложи некој? Најдов на една страница на фб ама немат број.
Scout. Спроти Рамстор Мол имаат продавница, едно време имаа и на ул. Максим Горки во центар ама не сум сигурна дали уште им работи таа.
Ваков модел на сако/палто, каде ќе најдам низ Битола или Штип ?Бојата не е важна, да не е скапо.Може и да е комплет со сукња.Фала
Каде можам низ Скопје да најдам вакви обетки и поевтини, да не бидат пр. над 300 денари? Но и општо, каде сте виделе и по која цена? Однапред благодарам
женски дали знаете каде можам да најдам вакво прслуче битни ми се врвките што се додадени за под сако да изгледа добро
Види во продавници за долна облека.Мора да има слични вакви. Мој совет (ако не најдеш ваков како на сликата) е да си купиш чипкен прслук(има интересни, исто во продавниците за долна облека) и потоа ти самата да му ги додадеш тие врвките.Пробај, би требало да успее.