^Јасно ми е дека поголеми се шансите да најдам во зимо (не поголеми, најголеми), туку кога прашав во неколку продавници ми рекоа дека немаат, не прават такви, а ми кажаа дека можно е по магацините да има останато по другите продавници и затоа се надевав дека ќе најдам. Како што напоменав и зимно време да сте виделе кажете.
^Сум гледала во спрингфилд ама поодамна Ленени панталони тесни во ногавиците доле, што поефтини толку поубаво (може и некое маалско продавниче)???
Женски видете во Мана во Ново Лисиче, ефтина е продавницата ептен а има убава и викаат демек брендирана роба, али и да не е брендирана, убава е. Ефтино е стварно и мислам дека роба добиваат секоја среда, ама не сум ова 100% сигурна. Ама како и да е се наоѓаат убави работи и ефтини. Се наоѓа кај Боксер што е во тие згради, и Зегин мислам има во близина
budala.sum-pa.sto во гтц најгоре кај тие како тезги видов баш такви ленени пантолони, тесни во ногавиците. Не знам колку беа точно...700 или 1000 ден, повеќе од 1000 не верувам да се. breezy исто горе во гтц имаше доста цветни фустанчиња, околку 500-600 ден, исто во Евроазија одма на влезот и во Теранова..мислам по 700 ден беа
Имате видено вакви тексас шорцеви со висок струк (High Waisted Shorts) некаде во Скопје и која им е цената? ... доколку не сте видела кажете ми каде можам да најдам обични кратки тексас шорцеви значи без висок струк, сакам да се сини но може и некоја друга боичка...слични вакви како долу на сликите
Девојки само што доаѓам од град....отидов со надеж дека ќе најдам некое интересно капче т.е видов во Peacocks на плоштад и иако видов едно преубаво капче со црна трака и цвет за 700 ден. и сега веќе нема ниту едно такво...стварно се разочарав и неможам ништо да си најдам....И имате помош?Еве од прилика какви барам =/ Ве молам за помош...
Девојки а каде е тоа Пренди? Гледам низ град многу со такви кеси ама врска немам каков бутик е и каде е
Јас го знам Пренди бутикот кај Јаја Паша/Чаир што се наоѓа. Значи кога одиш од Бит пазар накај Чаир, го поминуваш тој црвениот мост што би го нарекла ја и од лева страна е Пренди. Има малку само одење, неколку чекори. Можеш со 19ка да се симнеш после тој мостот и да преминеш улица и ќе го видиш, одма е тука на тротоарот. Ако има нешто нејасно, прашај по ЛП. Имало и во Карпош, но за тоа ќе те известат другите.
Девојки, Пренди се наоѓа во Карпош 4, позади Рафаело, значи нема шанси да не го видите, има скали пред него
Имаш доле во ГТЦ малце карши боди лајн, на ќош е продавничката, има ефтини шеширчиња, 300 денари се а исто имаш и карши Тинекс во центар, надоле по скаличките во тие збутаните продавнички, т.е. во 2рата Јас од таму си купив пред некој ден, и попуст имаат 20% исто се движат цените, имаш од 300,350,400 а со попуст се -60 ден
Девојќи, да не знаете каде можам да најдам од оние кратки панталончиња со висок струк? зс ја сегде барам и нигде не наогјам. Прашувам да не сте виделе по бутициве низ град (ск) зс не сум била накај центар. фала однапред
Ова што мене и треба не е баш модно парче ама сепак е облека Ми треба бел медицински мантил. Каде може да најдам поефтин? (уствари не знам ни колку пари се)