@stanka_1 Може не си видела, но ти одговорив во другата тема, ама и овде ќе напишам, не ми е проблем. Мене лично ми се добри хеланките од Њујоркер, намалени сега има мислам околу 300 денари, имаат и од 600 и нагоре секако
Нешто слично има во Ивери по 500 ден, а баш ваква ќе најдеш и во Шутка по 250ден ако ти се оди до таму
@donnalia Во Бершка имаш точно таква, на еден ракав, црна и потенок материјал, 800 денари. Истата ја имаш и во неонско зелена боја, повели линкче за детално да ја видиш https://www.bershka.com/mk/one-shoulder-t-shirt-c0p101871287.html?colorId=800
Води доле во Рамстор, спроти маркетот, таму продаваат такви работи, а исто и во редот на Голден роуз кај рекорд, накај Собрание има таква продавница.
Здраво очајно барам ваква иста ташна но црна.Дали можеби знаете каде има? И ако може да пишете цена од прилика.Ви благодарам!
@Yeeah Провери во самиот Дуки Дасо, од каде е и ташничката, би требало да има Слични модели има избор во Бершка и тоа баш црни, по околу 800 денари А верувам и по останатите продавници, бидејќи е класичен и доста застапен модел
ГТЦ приземје, кај Киоскот, во пролазот према кеј. Пред некој ден бев во Ивери во Центар карши Пет т.а. и барав нешто за подарок за утрешниот празник. Имаше убави ташнички како на сликата погоре, но не беа толку ефтини.
Колку пари е пчелин восок, дали знае некој? Дали само на пазар каде што се продава мед може да се најде или има некои луѓе што продаваат? Освен пчелин восок каде можам да најдам парафински восок?
Каде може да најдам од оние шољи со натписи? Конкретно ми треба за најдобра колешка, дали сте виделе во скоро време? Ама не онлајн да нарачам, туку конкретна продавница за денес ми треба Фала многу!