Женски, кај можам да најдам вакви градници bralette поголема, корпа Д и да не стегаат како спортските градници?
@Tina22m Spoiler: Предлози Сара Фешн од најновата колекција, 580 денари (M, L, XL) Сара Фешн, и цената и величините се исти како погорниот Сара Фешн, 250 денари, сите три големини ги има Сара Фешн, 350 денари Lisca, 1300 денари и според информацијата на сајтот има B/85 и D/75 величини. Ги има и црни Lisca, 2000 денари, а корпа Д имаш во 80, 85 и 90ка величини Имаат и едни чипкани како последниот модел што го бараш, ама само Ц и Б корпи за жал, нема Д. А имаат и вака нешто, 1330 денари, S, М и L големини. И нешто поспорстско и уште поопуштено од Њујоркер: 350 денари 670 денари @Elen4e_sonce Претходно многу вакви гледав буквално секаде, а сега како за инат баш и нема, но еве најсличен предлог Spoiler: Предлог https://www.pullandbear.com/mk/woma...h-back-knot-c1010024501p501224727.html?cS=800 На останатите утре ќе гледам да одговорам, I deeply apologize ladies
@SnowDOG Мислам дека бидејќи е класична боја, можеш да провериш во секоја продавница, без разлика дали е поевтина или поскапа и би требало да најдеш, а еве и мои предлози: Spoiler: Предлози Parfois, 800 денари Страдивариус, 1600 денари @CinnamonBambi Да во Зара имаше претходно, а буквално имаше и во останатите продавници, ама сега и нема баш. Во Зара со тој распоред на бои имаш само еспадрили сега Инаку еве нешто предлози, макар не е исто, може па нешто ќе ти фати око Но, секако ако наидам на такви, обавезно ќе ти постирам Spoiler: Предлози Molini Shoes, 1100 денари Nine West, 5790 денари Nine West, 5500 денари Biana @Minci13 Еве нешто предлози, има предлог и за жолт и за бел костим, но и предлози за слични ретро дизајни Во Зара претходно имаше така најслични, сигурно пак ќе донесат Spoiler: Предлози Манго: Сако- 6000 денари, пантолони- 4000 денари Зара: Сако-5000 денари, пантолоните обично се по 2500 денари Котон: Сако-2000 денари, пантолоните сигурно се помалку од тоа како и секогаш Котон: Пантолони-1000 денари Манго: Сако-4000 денари, пантолони-3000 денари На Алиекспрес @Oxymoron Мислам дека во Базаро, во делот за модни аксесоари имам гледано баш такви, а исто провери и на пазарите, мора да има, а еве и нешто слични предлози: Spoiler: Предлози Џамбо https://www.e-jumbo.gr/omorfia-peri...ikeies/steka-gynaikeia-yfasmatini-mavri_79697 Accessorize https://global.accessorize.com/en-mk/view/product/global_catalog/acc_5,acc_2.12/6868920300 п.с Ако меморијата за младите години не ме издала, ти прашуваше за четки за маски, right? Знам дека веќе двапати ти одговарав, а еве уште еден предлог најдов Spoiler: Oriflame И кога веќе сум тука, огромен поздрав до @joy1 Spoiler Котон, 330 денари, го видов и одма ми текна на тебе, предлог и гласам да си го купиш @Aquanalia Буквално пред едно два месеци го гледав исти/многу слични и во Котон и во Страдивариус, а изгледа и во Зара имаше, а и во Манго имаше скоро идентичен, само долг Е сега после попустите, не наоѓам никаде такво, барем сега за сега. А сигурно ќе има во блиска иднина Сега за сега, овие разгледај ги, може ќе ти се допаднат како алтернатива, се извинувам што не ти помогнав многу Spoiler: Предлози Орсеј https://www.orsay.com/de-de/a-linienkleid-mit-rueschen-467164524000.html Орсеј https://www.orsay.com/de-de/kleid-mit-blumenmuster-467161524000.html Ламас https://www.instagram.com/p/BvANvECAhGP/ Котон, 600 денари Страдивариус, 1200 денари
@sofija014 доцнам со одговорот но ако не си купила сликата е од Баг Шоп истата ја имам многу е убава 499ден
@joy1 Да си знаеш дека чекам слика во темата "Што последно си купивте?" и секако една комбинација во другата
@Animali знаеш ли какви се цените на сакоата во Orsay? Вака на сајтот имаат многу прифатливи цени, а моделите им се преубави.
@Kitten Колку што имам споредувано и гледано, цените им се тие. Навистина не е скапо пр. да речам како во продавниците на Манго и Масимо Дути, особено за сако, што секаде е поскапо пр. 5000-6000 денари па нагоре, во Орсеј има и од 1000 до 3500 денари, колку што имам забележано. Во однос на моделите, отприлика секогаш се држат до класиката, ама модернизирана и ми се допаѓа што секогаш имаат голема палета на бои. Значи можам да најдам и нежно сино и мастило, и силни бои како жолто, црвено, розево, покрај црно/сиво/бело тоновите, а воедно покрај облеката, палетата ја распространуваат и на чантите и секогаш ги има во убави впечатливи бои. А не се ни скапи, има и со пониски од 1500 денари и малку повисоки, но сигурно не високо од типот на 10.000 денари Во однос на квалитетот можам да потврдам дека вреди да се купи. Плус, не само што вреди, туку и ќе платиш солидна цена за далеку подобар квалитет за разлика пр. од слично парче со пренапумпана цена од некој друг бутик. Немам купувано облека лично за мене, ама мајка ми си има купувано и е презадоволна. Јас за мене имам земено накит и накитот им е врв. Точно не ги знам сите цени на парчињата, има и поевтино и поскапо секако, ама значи накит-накит, а не врвка од конец со метален детал за 1000ка Сите парчиња им се цврсти и премногу убави. Јас си земав прстен, мислам дека како челичен, бидејќи е потежок. Го имам веќе 5-6 години и истиот како кога го зедов. Орсеј јас лично го сместувам како квалитетен бутик. Се надевам дека малку од малку ти помогнав @Luminary Ќе се самоцитирам, пред едно време и одговрав на Ејвери за слично прашање, ѕирни ги овие предлози, а до вечер, ќе ти постирам и други нови
Преблагодарна сум ти на деталнава анализа Ми се свиѓа таа модерна класика што ја имаат, мене ми одговара за на работа, и ми се допаѓа што имаат избор на бои. Немам често време да влезам и разгледувам. Јас сум човек што улетува во два дуќана каде што знам дека има тоа што барам и е за мој џеб, и купувам Но што викаш за квалитетот, во задно време во секој маалски бутик што сум успеала да влезам гледам само неквалитет на сакоата и се а-ла оние онлајн што ги продаваат по фејсбук. Сакам и да заштедам но сакам и да изгледам пристојно а не изгужвана како исфрлена од поплава До 2000 за мене е Ок цена за сако.