@Kitten Повели секогаш, за што и да е И јас иако доста ги разгледувам каталозите, пр. кога ќе отидам во Сити Мол секогаш само во 2-3 бутика влегувам Сите си имаме бренд по своја мерка и за свој вкус Инаку за сако, точно кажано. Фармерките како и блуските, нема драстична разлика по која сите може да ги разликуваат кое колку е платено или квалитетно, но сакото е такво парче, што по мое мислење, од авион се гледа дали е квалитет или не и тоа првично и токму од самиот материјал. Тоа што не е квалитетно, колку и да го испеглаш и стокмиш, при само обично стоење во него и кревање на рацете одма се гужва и не изгледа како што треба.
@nina_lina Пред точно 1 месец во Масимо Дути имаше, но сега за жал веќе нема, еве какви беа, но претпоставувам дека ќе донесат пак, како и останатите бутици бидејќи следува тек носење на летните парчиња Spoiler: Масимо Дути Сега за сега, од плисирано вакви само забележав Spoiler: Предлози Манго, 6000 денари Зара, 2600 денари Зара, 2000 денари Зара, 3300 денари Овие следните два не се плисирани, ама се опуштени и во тој сличен тон, па може ќе ти фатат око Манго, 5000 денари Зара, 2000 денари Би те советувала да почекаш месец-два да започнат со уште попролеттните и леттни парчиња, верувам ќе има како и секогаш. Ако не ти се чека, ова ти е мој личен предлог: Сега има огромен избор на плисирани и лелеави сукњи низ бутицитие, па можеш фустанот да го направиш како комбинација од плисирана сукња + топ. Еве пример: (Ја ставив таа боја, ама имаш сукњи во било која) Spoiler: Предлог Зара, 1500 денари Зара, 1500 денари И некој лелеав топ, нешто вака Или вака (Страдивариус, 500 денари) И секако, штом наидам на фустан, ќе те известам @ludamaja10 Повели розеви сакоа Spoiler: Предлози Бершка, 2000 денари Бершка, 1800 денари Страдивариус, 2300 денари (Може да се носи и како фустан) Зара, 2600 денари Зара, 2600 денари Котон, 1500 денари Орсеј, 3100 денари https://www.orsay.com/de-de/taillierter-blazer-480180352000.html
Фала ти на деталниот одговор Не ми е итно, може да почекам. Ми се свиѓа и комбинацијата сукња со топ. Како и да е ќе почекам уште некоја недела, ќе има поголем избор и сигурно ќе се најде некое добро парче од новата колекција
@nina_lina Нема на што, повели секогаш, за било што @Youknow Не те заборавив ни тебе Се носат секакви и во секакви бои: Кожни рокерски, класични фармерски, фармерски во боја, кратки-тренч, карирани сакоа, но пред се зависи од твојот личен стил и што сакаш ти да носиш. Во прилог ти ставив некои предлози чисто за инспирација, а секаде можеш да најдеш пролеттни веќе и во Зара, Манго, Бершка, Котон, Њујоркер, Страдивариус, Спрингфилд, Орсеј, Pull&Bear и сл. За пролет, вообичаено би требало веќе да се носат посветли тонови Spoiler: Предлози Постираните парчиња се од Зара и последните четири се од Манго
@Kitten ги прашав имаат слични модели но по 400ден Сликата која ја ставив е од бутик Различни и се по 250ден незнам која е разликата
Нема никаква разлика во квалитетот, но кога им се на попуст во Ивери се 250ден. Ги има за 250ден и во Супер цени, Купи евтино... Прашај дали вршат достава.
Вакви гледав на Бит Пазар спроти Полициска станица има еден бутик по скали се симнуваш имаше многу убави вакви спаваќи со наметка исто така и во Чаирчанка во еден дуќан