На влезот на зелен пазар има такви мајчки по 150 ден се, има и со паја патор, и со мики маус и со свашта.
kade ima dobri rimjanki, moze nekoj da mi preporaca dobar dukan, ne znam od kade da pocnam, i me mrzi da baram cel den po dukani
И во аванти во чаршија имаше убави и на попуст беа-плати едно земи две за 1200 ден.провери може има уште
^ Во Кислела вода биле по 500 Сакав и јас да одам, ама не стигнав. Еве овие модели ги има. Сликите се преземени од нивниот фејсбук профил.
Да да по 500 се Тоа е негде на раскрсницата после билна аптека помеѓу зелената продавница за чевли Трафик и Сева нив ги дели уличка и тука во уличката има продавничка (од страната на сева) и мислам дека има напишано дека се по 499
Морнарски купачи со горен дел како од 50тите ако начекате низ Скопје известете ме,ама да биде прикладна цената.Два пати се имам изгорено со скапи купачи и никогаш повеќе,а што имам еден пар пред 3-4 години си го купив случајно за 500 со силни бои,уште е како што треба,ни ликра попуштено,ни бои избледени. Ма да каков и да е пишете ми,може ќе ми се бендиса па,а ако во нешто се заљубам...мое си е! Него,да во Аванти пред рампа има,пред една недела имаше многу избор...само ич не ми се допаѓаат овие што се околу глуждот така,татко ми што вика како завои изгледаат,а кога ќе ви се поти ногата таму да се цеди по ногата,па се до прстињата да се ладите...хахахахаха...Стварно немаат смисла...ниту пак оние на штикла како чизми што се,ама петите и прстите отворени...бљак! Друго место,горе на втор спрат во ГТЦ,скроз на крајот на страната на паркингот исто има,две за 1200.
ги видов на темата за чевли и премногу ми се допаѓаат, вакви сте виделе ли некаде плисс кажете ако сте виделе, многу си ги сакам б
Деновиве тргнувам во потрага по сив цветен фустан, сакам да не биде многу свечен, значи да можам да го носам и преку ден со рамни сандали, ама и навечер онака за прошетки (со чевли на платформа)... и да ептен сум за вакви исцели панталончиња, со и без рамки како топ горниот дел...
Такви летни фустанчиња видов во sixx pm во рамстор горе до кафичот Мамбо, околу 1500 денари се, а вакво неам видено, баш и јас сакам, може да провериш дали има во бутикот Уна спроти Јосип Броз позз
И јас сум во потрага по костим за капење Прочитав неколку страни наназад препораки за Некое продавниќе во Бисер и за Сара фешн. Сакав да прашам дали знаете колку се одприлика цените на костимите за капење во Penti и Golden Point. Lisca дефинитивно ја тргнувам од предвид, мислам дека 4000денари за костим за капење со нашиов стандард, едноставно е премногу.
Во LIsca не се сите костими за капење по 4000 денари. Има многу убави и за 2000, поточно 1990 ден. Јас се мислев меѓу тој и уште еден. А во Голден поинт не се ништо поефтни. Инаку, во Буњаковец трговскиот редот што гледа кон Партизанска има неколку продавнички со голем избор, убави костими, а прилично ефтинки по 800 - 900 денари.
Овој го гледав и ми се допадна, треба да проверам дали го има во Пенти кај нас, ако некој знае нека ми каже