Јас си купив во септември бел мантил и беше мислам околу 1000-1500. Го земав од една продавница најдоле во ГТЦ каде што застанува 57, на автобуската. Продавницата е за такви работи, за униформи, а и ако ти е долг можат да ти го скратат, не наплаќаат
кикирики претпопставувам дека ќе бидеш прва медицина значи мантилот за ученици чини 700денари (тоа е цената за ученици,но само во оваа продавница за која ти кажувам, за др не знам) и јас го купив од една продавничка близу државна, таква е за униформи. (распрашај се мн е близу до државна)
не бев сигурна дали да го ставам прашањето овде или да отворам нова тема ...сепак се одлучив за овде.... Ме интерсира дали некој од вас има купувано преку интернет, и ако има ке сакате ли да ми пишете каде на која страна? - јас до сега на сите интернет страни на кои што бев немаше достава до македонија, а ми рекоа дека ако нема тогаш во никој случај нема да ми стигне
moda-i-stil/kupuvanje-na-garderoba-od-ebay-t4762/ Најубави се доле во ГТЦ, стварно се квалитетни, едно конче не му излезе на мојов! Инаку беше 1000 денари. Има и по аптекиве мантили може се поевтини ама не знам колку се квалитетни, плус јас сакав и нитните да се убави Инаку знам дека во Штип имало директно од фабриките за смешни цени 400-500 денари и тоа исто квалитетни ама кој да оди до Штип за мантил
Феминки во СП планет на вториот спрат во аутлетот има убави купаќи, но само долни делови од марката HUE и цените се по 200,250,300 денари .Беа со цветни дезени на црна и виолетова основа .
луничка побарај во санда купачи поголем број јас си купував некни имаше многу убави во секакви бои цени од 700 па нагоре
Купачите на Санда се стварно квалитетни. Моја другарка има земено еден пар уште од пред 7 години и се' уште си ги користи. Не се ни познава дека не се нови, бојата воопшто не им е променета.
Во Сара Фешн имаат убави бикини. А и цената им е пристојна 990 денари ги купив јас. Убави модели има, и дводелни и едноделни. Има и бројчиња поголеми , има 44, 46 , 48 .
Девојки, сакам да идам деновиве до новата продавница Пикок. Па сакам да прашам ако некој знае, да ми каже како се движат цените, да знам отприлика колку пари да си земам Фала однапред
Сега е попуст, па е поевтино, обични маички околу 300-400 денари, ташни околу 1000, ама изборот е многу слаб, две-три парчиња се онака повпечатливи за излегување на пример, другото е се најобично.
Сакам да купам црни купаки со ГОЛЕМИ корпи али никаде немозам да најдам мали броеви се а корпите никакви казете ако сте виделе некаде
За во пренди никогаш не знам кога доаѓа нова роба меѓутоа еднаш во неделата како што одам секогаш има нешто ново
Девојки наскоро сум на свадба и сакам да си купам некое фустанче долго летно, не мора да биде ептен свечано. Каде може да најдам поевтино, не ми се дава многу пари за тоа?