Претежно за облека овде прашувате, но јас ќе прашам за чевли, конкретно за кафени оксвордки не мора да се кожени каде би можела да најдам? Како овие од сликата
Преубави предлози ќе имам во предвид кога ќе ми затреба.. Чорапчиња ми требаат за малата затоа толку упорно барам инаку од дамна ќе се откажев
Хммм.. Вакви моделчиња извадија во новите колекции скоро сите. Bershka, Zara, Mango, Stradivarius, Pull & Bear, Waikiki, etc. Прошетај низ Сити Мол и сигурно ќе најдеш од прва. И цените им се пристапни. Со среќа
@Berguzar Види во Nine West, до пред некој месец гледав многу кул и поголем избор на оксфордки, а еве во Адесо Тренд, 2200 денари, таман и кожни Spoiler: Оксфордки @anonymousmember1 Повели, избор колку ти душа сака Spoiler: Предлози Манго, 3000 денари Манго, 3000 денари Манго, 2500 денари Манго, 3000 денари Манго, 5000 денари Бершка, 1000 денари Страдивариус, 2000 денари (ја има и црна) Pull&Bear, 1800 денари https://www.pullandbear.com/mk/woma...ossbody-bag-c1030122501p501235334.html?cS=105 Pull&Bear, 1500 денари https://www.pullandbear.com/mk/woma...ossbody-bag-c1030122501p501230745.html?cS=023 Зара, 1500 денари Зара, 2000 денари Зара, 3000 денари @Shpagetta Провери низ продавничките за чанти во Гтц, истоврмено зависи точно каква чанта сакаш Може и во попознатите продавници да се најдат чанти до 1000 денари, во зависност од моделот Ако имаш нешто специфично на ум, слободно постирај, па ќе најдам @Bunny2 Покрај овие предлози, побарај во Котон, Њујоркер и сличните и не ја исклучувај можноста да им ги разгледаш дизајните за боди, обично се такви Spoiler: Предлози Бершка, 500 денари Бершка, 600 денари, боди Страдивариус, 500 денари Страдивариус, 600 денари Зара, 800 денари https://www.pullandbear.com/mk/woma...nk-bodysuit-c1030004027p501234390.html?cS=800 @Baby-Blue Вакви исти пред некое време гледав на Trends.mk, а и скоро во сите поевтини продавници што воедно вршат достава, Аванти, Перла, Кавери и сл. и верувам дека сега кога ќе почнат со сандалите и пролет/лето колекциите насекаде ќе ги има
@anonymousmember1 Ако не ти пречи, врати назад на стр. 1289-1290, членката Мисс666 има прашувано за вакви cargo пантолони, па ќе наидеш на одговори од мене, Оксиморон и Захра
Се извинувам на офф топик ама морам да коментирам. Девојко секоја чест за исцрпните одговори. Како каталог да разгледувам кога читам твој коментар.
@IM.TMKQ Ти благодарам многу на убавите зборови Многу ми значи и ми е особено мило што таков впечаток ти оставаат моите одговори Имам спомнато и претходно, едноставно ми е задоволство да помогнам, особено за модни прашања и гледам да одговорам најдобро што можам, затоа и темата ми е омилена
Ве молам предложете ми продавници каде што можам да најдам или каде сте виделе посвечени фустани или комбинезони,за на свадба ми треба.Обично во Zara,Mango,Pull&Bear,Massimo Dutti купувам,ама пред две-три недели бев и не можев ништо да најдам.Да не зборам дека речиси сите модели што ги имаат објавено на веб страниците ги немаат во продавница.Единствено во Mega Fashion многу ми се допадна еден црн,долг комбинезон ама имаше места кај што беше распаран,со конци,па шубе ми беше.И по други бутици барам ама безуспешно.
@Shpagetta Успеав да најдам повеќе како вториот модел што го бараш, првите 3 се до 1000 денари, а понатаму подредени се кон повисока цена, но не надминуваат 1500-600 денари, ама ги постирав чисто да разгледаш. Како првиот т.е Антигона моделот на Живанши исто може да се најде, ама таквите вообичаено се малку поскапи од 2500 па нагоре, но и така рече дека ти треба едноставна за книгите од факс, па нема потреба да си трошиш многу пари за таа намена Се надевам дека ќе ти се допаднат Spoiler: Предлози Котон, 750 денари Котон, 950 денари Страдивариус, 1000 денари Котон, 1100 денари Страдивариус, 1300 денари Страдивариус, 1300 денари Страдивариус, 1300 денари Страдивариус, 1300 денари Њујоркер, 1300 денари Зара, 1500 денари Манго, 1500 денари Бершка,1500 денари Парфоа, 1600 денари
Не можев во еден пост да ве соберам, па на делови @Lanadelreyyyyyyy Спомна дека си била пред 2-3 недели, па затоа би ти препорачала пак да отидеш, бидејќи скоро сите од овие продавници, особено Зара имаат правило на носење нова гардероба на секои 2 недели. Зара обавезно мора да ги имаат тие сега што им се во каталогот. Воедно, за Манго провери го тој во Гтц. Тој во Сити Мол не секогаш ги има сите работи, а повеќе пати оној во Гтц ги има поголемиот дел свечени работи. Исто и Масимо Дути имаат обновено во каталогот. Еве други предлози за свечени комбинезони Spoiler: Комбинезони Зара, 2600 денари (Овој им е некако најсвечен од сегашниот избор) Манго, 5000 денари (Провери го сега каталогот, имаат надополнето нови работи, за останатиот избор и истоврмено ако некој ти се допадне, со слика од него, прашај ги дали во кој Манго го имаат) Котон, 1500 денари Котон, 1200 денари Котон, 1500 денари Котон, 1500 денари Котон, 1000 денари Котон, 1600 денари Котон, 1900 денари За свечени фустани не ти постирав, бидејќи во зависност од стилот, тоа е доста широк поим, па ако имаш некој конкретен модел на ум, слободно постирај. Општо провери и во Ламас или Нана, во Нана често имаат комбинезони. Макар топла препорака е сега да провериш во Манго и Масимо Дути Извини што не ти помогнав најдобро
За Манго во Гтц знам дека секогаш имаат повеќе избор и минатата недела бев,ништо не ми се допадна ,ниту пак имаа изложено свечени модели.Ќе морам неделава пак да одам до Scm.Инаку општо не сум многу многу по фустаните,најмногу сакам комбинезони,пишав и фустани во случај некаде да не има поубави.Како и да е фала ти многу Инаку гледам секогаш се трудиш да помогнеш,ме интересира дали барем работиш нешто поврзано со мода?
@Lanadelreyyyyyyy Сосема те разбирам, и мене за свечени пригоди скоро секогаш прв избор ми се комбинезоните, повеќе се пронаоѓам во нив, а Манго, Дути, Зара имаат доста префинет избор, онака минималистичко и крајно софистицирано Макар искрено, Зара пред 2-3 години имаше неверојатен и голем избор на елегантни комбинезони, во последно време едвај 2 добри парчиња Инаку, модата ми е внатрешна страст, а аматерски уште од средно, па цел факс, се занимавав со дигитален стајлинг. Сега пред месец дена започнав со мојата прва официјална работа, која не ја 100% опфаќа модата, но добри 40% да, плус е поврзана пак некако со креативност, па not bad, ми е Секако, за во иднина планирам комплетно да сум во тие води, бидејќи сакам да работам нешто што го сакам, поинаку не би била среќна воопшто Не би издржала, знаејќи се себе си