@DAngel Мислењето повеќе ми беше за некои парчиња како дел од костимските работи, исто како и за одредени сакоа или палтенцата и фустани, зависи каков материјал, а инаку капутите на материјал и дизајн се океј, ама не вредат за оригиналните цени, 8000-9000 и нагоре, за до 4000 се океј, но не и повеќе Просечни капути. Барем јас тие што ги гледам последните 4 години ми имаат оставено таков впечаток А и како што викаш, си го зела за 1800, тоа е баш супер зделка, за било каков добар капут да земеш п.с Го заборави за форевер или се врати да си го земеш? Не разбрав
Се вратив по една недела, среќа ме чекаше Мантил есенски/пролетен е. Еве сега го носам Искрено, друго немам купено од таму, а и како што кажа, око ми нема фатено, ниту ми се чинело како да вреди за цена. Ама мантилот ми е зделка на векот.
@DAngel Што си е наше, никаде не бега Јас така пред 2 години едни чизми ми фатија око во Пеко и после месец дена ми стигна стипендија, одам во оној во Гтц, ги нема и таман ќе си тргнувам, продавачката извика и текнало, останал еден пар. Парот на излогот и тоа во мојот број Материјал за филмови ни се омилените парчиња Инаку за Макпримат, мене често ме лажел самиот изглед на продавницата. Значи тој гламурозен масивен влезен дел чиниш не знам за кој бутик станува збор, но едноставно си стои робата со години и во последната година, имам забележано се некои попусти и сл, и ќе отидеш како мене, за костимски пантолони, останале едно две парчиња во големи броеви, а не вредат ни 500 денари, а не па за оригиналната цена. Ги облеков, а материјалот проѕирен Капутите и мантилите се океј и би се продале, ама барем да си ги ставеа реалните цени, колку навистина вреди
@Bunny2 И овие заборавив да ти ги постирам, дека претходните предлози беа сите со ракави, еве и со тенки прерамки како вториот модел што бараше, верувам ќе ти се допаднат Spoiler Бершка, 1800 денари Зара, 2000 денари Зара, 1600 денари @Srce01 Spoiler: Предлози Зара, 2000 денари Овие следните три се пократки, а и повеќето што ги сретнав беа пократки Pull&Bear, 2000 денари https://www.pullandbear.com/mk/woma...afore-dress-c1030072505p501316563.html?cS=800 Теранова, 1200 денари Бершка, 1800 денари А имаш и ваков нешто, во сина нијанса, со сличен дизајн на копчиња напред, ама не е на прерамки Зара, 2000 денари
@Animali или некој друг Да не сте виделе некаде змијасто каивче во Сити мол? Ми треба за една комбинација за вечер, па набрзина да отидам пред затварање да го купам...
@Avery Има има, побрзај, еве Spoiler: Предлози Манго, 700 денари Манго, 2 во пакет мислам дека ги пишуваше, 700 денари Манго, 900 денари Манго, 1500 денари Зара, 1200 денари Бершка, 500 денари Страдивариус, 400 денари Страдивариус, 600 денари Парфоа, 700 денари https://www.pullandbear.com/mk/woma...ound-buckle-c1010072575p501226053.html?cS=600 И провери во Дуки Дасо исто така
Гледам сега патики со секаква облека се комбинираат, дури и со мантил, капут, сукња, фустан. Дајте ми идеја каде би можела да купам модел на патики поедноставни (поелегантни ако можам да кажам, еден вид кондур-патика) за да би можела да ги искомбинирам со горе наведените парчиња облека. Не сум баш целосно спортски тип, па да можам да носам секакви патики со поелегантна облека.
@IM.TMKQ Spoiler: Предлози Мене лично во такви комбинации најмногу ми се допаѓа замислата со нежно ишараните графити патики. Порано имаше во Зара, ама сигурно пак ќе донесат Или пак во детали со пастелен тон: лаванда, сина, лимета, корално и сл. да изгледаат што поженствено Инаку вакви гледам дека обично носат: Спорт М, намалени на 1600 денари https://www.sport-m.com.mk/ProductC...uctID=B44677&Segment=03&Grupa=01&PodGrupa=503 Спорт М, намалени на 2800 денари https://www.sport-m.com.mk/ProductC...ID=363073-02&Segment=03&Grupa=01&PodGrupa=503 Спорт М, намалени на 3400 денари https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=03&Grupa=01&PodGrupa=503&MarketingStatus=002 А еве ти и други мои лични предлози од тоа што успеав да најдам: Зара, 2000 денари Зара, 2600 денари Њујоркер, 850 денари Њујоркер, 500 денари Њујоркер, 1000 денари Манго, 2500 денари https://shop.mango.com/mk/women/sho...=PL&n=1&s=accesorios_she.accesorio;42,342,442 А можеш да пробаш и со спортските балетанки на Скечерс. Тие ем се многу удобни, ем изгледаат онака нежно на нога, ако се во светла нијанса Инаку, секако без лоша намера, но би ти рекла, ако не си спортски тип, не мора воопшто да се тераш да носиш патики со фустани и сл, трендот си е тренд, не мора да го следиш, ако не си тој стил и не ти се баш допаѓа идејата А инаку, трендот почна од како што велиш ти, поелегантна кондур-патика, а сега продолжија буквално спортски-спортски патики да носат, ама ете некои ги гледам им стои, бидејќи патики воопшто им стојат. Најчесто носат од оние со повисока платформа, масивен дизајн, колорблок и им стојат Јас на пример, во патики изгледам смешно, а и стилот не ми е спортски. Многу сакав и јас така некои слатки патики и кул фустан, ама кога се видов во огледало Едноставно тоа е, не е тоа тоа. Па си заменив со други обувки што се модерни, пр. еспадрили или уникатни сандалки во мој стил и ситуација решена
@Salome Повели предлози кои не надминуваат буџет од 600 денари Spoiler: Предлози Њујоркер, 350 денари Њујоркер, 450 денари, пократки Бершка, 600 денари Котон, 600 денари Котон, 260 денари Котон, 200 денари Котон, 250 денари Котон, 300 денари Котон, 500 денари Котон, 500 денари Котон, 600 денари Котон, 400 денари
Не знам дали е за во темата ама ајде тука ќе прашам. Ќе имам за матура фустан со гол грб, па не знам каков градник да барам и од каде соодветен за таков тип фустан? Ваков е моделот конкретно Spoiler
имаш на битпазар спроти влезот на жена пазар од страната кај што е полицијата сечени градници кои ако го шиеш може шивачката да ти ги сошие внатрешно мислам беа 80-100ден