Дечки извинете може имало на претходните страници. Каде можам да ги најдам најевтино оние плетени торбички што се хит сега, во бохо стил ( знаете оние како округли, ама и малку поголемки ). Фала ви многу.
зависи до колку пари? иначе има во калиопе има во манго има во зара од 1.000 до 2.500 денари зависи од каде.
Каде да најдам чанта од овој тип со понормална цена? Во Грција ги гледав по 3000-4000 што искрено ми се гледа некако многу ко за нешто кое веројатно и нема наскоро да биде во тренд. Не битна марка, важно колку мерак да ми помине летово
@Zaljubena26 Од тој сличен тренд, сламени помали и сосема различен дизајн може да се најдат и од 1500, но таков конкретно модел, бамбусен и кај нас тешко под 4-5000 Во Манго само е 6000 Ептен ако сакаш од Али Експрес, има поевтини https://www.aliexpress.com/w/wholesale-bamboo-bag.html
Здраво девојки ! Ако знае некоја од вас да ми каже каде да најдам од овие чисто беливе патики што испаднаа тренд како високи на гума целите , ги имаше во New Yroker во Џамбо 1899ден мислам беа, ама ми ги продале за рок од три дена и сега неможам никако да најдам а ептен ми беа погодени и модел и бр...
На вакви и слични модели ли мислиш? Ако е така, патики во овој стил неодамна гледав во продавницата за чевли спроти Градежен факултет, во онаа на Рекорд што е веднаш до Собранието а исто така има и во тоа Јани Јани или како и да се чита на рампа и на Бит Пазар што го има. А и доста ефтини се ко што забележав за по 700-800 ден. ги има.
Ваков тип на сако-фустани имам гледано пред некое време во Боди Лајн, тоа на крајот на Буњаковец што е. Паметам дека имаше и во разни бои и модели со долги, кратки или пак без ракави. Ако те носи пат накај некоја од нивните продавници провери, може уште имаат.