Имаше во Фјори убави,само не им ја видов цената,ама неделава планирам и јас да си купам ваква па ќе те известам за цената...
Полутанга, црни, има во Калцедонија, ама и таму цената е соленка Ваков модел,убав, а евтин тешко да најдеш кај нас
Гледам многумина спомнале продавница пренди...Кај е тоа, кај се наоѓа? Можеби има некој пишано, ама не видов
Дечки, дали на пазарче може да се најде ваков горен дел на купачи? Значи ОЧАЈНО ми треба ваков горен ден, без врвки, без ништо. Веќе се помирив дека со долниот нема да ми се складни очигледно, ама би го купила парот само за ваков топ. И која цена од прилика се движат, знаете? Си бев во пенти, има само еден ваков модел, но нема мое бројче!
^ на зелено ќе најдеш ,зашто има доста тезги со убави купачи,цените лани им беа 800 просек,а годинава можно е 1000ка да се ,ако те носи пат натаму побарај
ја си купив такви од зелено, 1100, горниот дел е таков, долниот еднобоен, преубави се...ги има и во повеке бои...
Трендафилче исти потполно исти модели во неколку бои имаш во елит. Во втор или евентуално тред ред беа, ќе видиш цела тезга со над 50 модели на купачи, сите по 600 до 700 денари, баш ми ги нудеа овие само нијанса друга. Може да земеш распар 100%, али дали само горен дел може ќе си прашаш. Гуд лак И не ми е јасно само како може во Елит да се поефтини купачите од пазар. И тоа потполно исти модели. Ни станаа пазарите поскапи од продавници
Девојки во Сара фешн (ГТЦ) имате интересни моделчиња на купаќи без прерамки, цените се од 690 па нагоре. За купен втор пар има попуст од 50%
И јас ќе предложев во Сара Фешн има таков модел на горен дел купачи јас си купив минатата недела розеви
Сакам да земам марама за коса, ама онака некоја еднобојна, сакам за на плажа да си ја ставам сте виделе ли некаде такви?
да не знаете каде има црни наметки ама да се без карнери и чуда на нив, најобични и по можност да се помалку од 500 денари?
Да не сте виделе некаде маица со знакот на Супермен? Ваква некако. Многу ми е мерак да имам една, а барам веќе 2-3 години и никако да најдам.
женска ваква иста мајчка другар ми си купи од шутка можеш да ја купиш и да си ја стесниш посто немало за женски
барав и јас еднобојни али нема си купив шарени, гајле ми е на плажа сме не се замарам идеме да уживамее