Нежни, минимални ланчиња може да најдеш и од 1500. Само не знам моментално што конкретно имаат, одамна не сум влегол.
Не се евтини, поубавите се од 3.000 нагоре. Од квалитетот воопшто не сум задоволна, поцрнуваат после неколку носења, и покрај мерки на претпазливост (не смее да се наводени накитот, да се прска парфем на него и сл.). Тоа доволно кажува. Преценета бижутерија, според мене. Ако бараш нешто за подарок (така ме наведе да мислам твојов пост, може грешам), подобро ѕирни во Пандора (не мора од алките, имаат секаков накит, особено преубави прстени и обетки)
Од ланчињата сум задоволна ми траат со години, ни ми потемнало ни ништо. Само мој совет за обетки да не земаш каде што камчето е залепено, затоа што колку пазев и ми се одлепи на второ носење. А тие што се со кукичка супер се.
Ваков модел на фустанче или сличен или па скроз црно со таа должина некаде низ Скопјево? Немам време многу за шетање затоа барам точно каде може да се најде. Фала
јас сега купив за подарок ланче, 4500 беше. Не беше цело со камења,само привезокот. Алките се исто по толку. Обетките ти се нешто поефтини, за 3000-3500 можеш да најдеш. Јас сум задоволна од накитот,ми се нема уништено. Ама па мн го пазам. А напорно е да пазиш нешто толку обетките се најпрактични зошто не доаѓаат толку во контакт со вода. Прстени се вадат на секое миење и алка се мокри, ланче не смееш да го прснеш,ни млеко за тело да немаш намачкано на врат. Во оксет исто има убав накит, и во mytime има guess накит,кој мислам дека не е мн скап.
Здраво Може прашањето не ми е на место..но Во Косово кои се ,,ефтини,, бутици за свечени фустани? ( поефтини од Мк )
Женски кај можам да најдам и дали има кај нас воопшто вакви силиконски или како ханзапласт за на фустан без градник?
Ако не најде, во Бершка има. https://www.bershka.com/mk/women/co...h-knot-c1010193213p101954003.html?colorId=800 https://www.bershka.com/mk/women/co...h-knot-c1010193213p101954003.html?colorId=800 https://www.bershka.com/mk/women/co...-dress-c1010193213p101915557.html?colorId=800 Јас го имам овој од последната слика, преубав е. Го купив пред 2-3 недели, не сум сигурна дали го има уште.