женски неколку пати имам пишано за квалитетни хеланки и никако да најдам сеуште земав обични од битпазар после второто перење ужас ми препорачавте од њујоркер и тие исто со топчиња и влакненца ми се направија брзо сакав да бе прашам дали знаете каде има добри квалитетни за вежбање и што мислите дали треба да вложам 2000/3000 за од спорт м дали вреди за тие хеланки дали има некој искуство поздравче
Има една нова продавница во Скопје, кај Студентски збор, кафич Гарсон во центар. Амбар се вика, турка продавница за облека, ташни и слично. Има доста убави работи и многу евтини. Слична ташничка видов на инстаграм кај нив (линк подоле). Ама не знам дали се уште ја има, вреди да се провери. Многу брзо им се троши робата, се случувало нареден ден да отидам и да не најдам ништо од тоа што сум барала. https://www.instagram.com/p/Bxhnq-LHJEK/
Жал ми е :/ Заследи ги на инстаграм, редовно постираат за нова роба, со цени со се. Можно е пак да ги донесат ташничкиве. Баш пред некој ден имаа постирано дека пак донеле од некои маички што им ги барале.
здраво дечки, ВЕ МОЛАМ доколку знаете бутик во Скопје или на интернет сигурна страница каде би можела да купам ваков фустан и ролка?
Сламен шешир со помал обод, нешто како на сликите? Spoiler: Шешир И сандали на полна пета што се врзуваат нагоре? Идеално би биле да се кремасти, ама може било која боја. Ги има во Страдивариус, ама се со линии, мене ми треба еднобојни. Spoiler: Сандали Фала
Од Сара Фешн се добри хеланките, имаш кратки и долги по 250денари, јас ги носам секој ден по дома, е сега немој да очекуваш нешто којзнае што ама во споредба со другите се подобри. Од Sport Vision си купив Champion 1200ден. и за еден месец ми се направија упки целите, а сега од перењето почнуваат да паѓаат и буквите така да не ти препорачувам. И најкот се многу добри и квалитетни ама има попусти така да кога ќе начекаш ако ти се даваат пари купи.
дали знаете во скопје каде има вакви кошули долги бели сакам да ја носам за плажа нешто како на сликава може да е и со долги не е проблем тоа
Во Bershka да си земеш ако ти се за вежбање.Со висок струк ,еластични не мрдаат. 4 години носам едни.Од спорт м и од декатлон земав ама ништо.Избледеа од перење одма.