овие се од бершка..да не знае некој дали сеуште ги има или каде можам да најдам вакви слични кожни ама ко тренерки ко на сликава а не хеланки
Каде можам да најдам црна oversized тексас јакна, ама да не биде кратка и не многу скапа . Не сум од Скопје, но планирам да одам за една две недели и не знам каде да барам. Фала многу.
Каде можам да најдам убави, квалитетни фармерки со голем број? И од каде купувате облека вие покрупните? Благодарам.
Денеска шетав низ чаршија, имаше проѕирни ташни по дуќанчињата, мислам дека околу 1000 ден им беше цената
Светло ленено сако/блејзер со пристојна цена? И удобни ниски штикли со ластик позади (модел како на сликата, небитно боја). Исто да се до кај 1500, ама најбитно да се удобни за да можам цел ден да ги носам.
за сако не знам, меѓутоа за чевличкиве провери по џани џани и останатите продавници кај тутунски. цените им се движат од 800-1500. јас бев пред некое време и мислам дека имаат сличен модел, но не ме фаќај за збор.
Знам дека нема врска со темата ама ми е итно. Ако има послична тема кажете таму ќе ставам. Дали имате сретнато некаде кај нас чаршав за маса од јута. Ево како на сликата да делува