Девојки ако знаете да ми кажете страни од продавниците низ Скопје за обувки да ги разгледам ми треба поспецифичен модел сандали, знам на рампа дека има повеќе избор и стара чаршија
Каде низ Скопје има најобични памучни маици , со без или мал дезен/шара/апликација? Секаде има со светки, огромни апликации, едноставна никаде нема. M/L/XL величини. Во Шутка има такви?
Женски не знам дали е соодветнс темата ќе ми простите Каде можам да најдам вакви тенки врвки за патики во разни бои?
Поголем број бикини (горен дел)? Lisca, Yamamay и Women's secret е сè поголема цената како што се зголемува корпата, и не ми се исплати да давам околу 100€ на пар бикини, а по пазарите и во рандом бутичиња ретко каде чуле за корпи поголеми од D - мене конкретно ми треба DD/E.
Другарка лани зема од Дуки Дасо - 800 денари комплет а она едвај наоѓа дека Ц корпа носи и нејке се да и виси надвор, misspice и таму види
Одамна имам желба за ланче со обетки како комплетче да ми се со некои медицински приврзок. На пример стетоскоп, срце или нешто како ЕКГ делче... Кај има низ Скопје да си купам, мерак ептен ми е...
Дали сте виделе некаде од овие маливе чантички за преку рамо во циклама боја? се изнабарав не можам да најдам, и на страниве никаде нема