Дечки дали има некаде по маркетиве или аптекиве акција на Нивеа крема за сончање? Предходната година имаше таква акција во Веро.
дечки сте виделе ли вакви слични обетки тука кај нас, само помали? видов кај едно девојче у автобус, многу ми се засвиѓаа само беа помали
Во Њу Јоркер имам видено пред неколку месеци, да провериш да не има останато. Мислам дека беа сет од неколку пара различни обетки.
Каде да најдам вакви фустанчиња, летни кратки удобни? Не мора баш ваква иста шара како на сликиве, отприлика
Мислам дека слични има во Stradivarius вакви шарени(црна и некоја друга боја , не запазив баш). Само мене не ми се свиѓаа пошо беа од лош материјал-вискоза што не дише и многу те поти. Не е лошо да видиш во Bershka i Pull& Bear мислам дека има,само што не знам и тие од што материјал се.
Ве молам препорачајте каде би можела да најдам фустан за свадба? Цели ГТЦ и Сити Мол ги прешетав, не ни има облека за „дотеруванки”... А ја не ни барам нешто претерано, само пристоен, долг фустан...
Итно, најитно ми треба фустанче кратко не многу свечено не многу обично кое ќе може да се комбинира со црни лаковани сандали, само да не биде црно и да биде до кај 800,900 денари. Во Персин бев и ништо не ми стоеше. Ви благодарам