Значи како и секоја година на два дена пред одмор сфаќам што се ми фали! Каде да си купам пижами кратки евтинки по можност, торба за плажа некоја не мн џиџана исто евтинка иии некое фустанче за плажа Spoiler погодувате нели, евтинко
торби за на плажа од 250 па се до 400 имаш во џамбо и не се џиџани многу за пижами не сум сигурна ама има како комплетчиња за спиење многу убави,со убави боички по 400 денари исто таму
Јас си купив преубави пижами со леопард дезен, целосни се и многу лесни и комфорни. Ги купив т.е. ми ги купија 430 или така нешто од Пикок. Девојки јас сакам да прашам каде да си купам поевтини купаќи, до кај 1000 денари... Сакам горниот дел да биде од овие без прерамки и да бидат црни... Вака нешто Ми треба помош, неможам по овие троски температури да шпартам низ продавници.
Ако неможеш да најдеш - :биди креативна земи некое подолго маиче ко ова, ножици и сечи ич не му ја мисли п.с. јас не би носела ваква маица
Девојќи планирам утре да одам во град да си купам белиок ктатки панталончиња но бидејќи навистина не сум во состојба да шетам нниз град би ве замолила да ми кажете ако имате видено такви и да не се поскапи од 600ден. мислев цалиопе, евроасија или така нешто да не има попуст. фала однапред
Во Евроазија има попуст демек 50% не е толку, ама има пак. Е јас влегов за друго така да не гледав шорцеви ама сиг има. И во Теранова има некој попуст можеш и таму да ѕирнеш. А Калиопе нема веќе во Гтц, се надевам знаеш Инаку има попуст 70% во Калиопе, така барем залепиле на излог
Ако не ти смета да се поспортски имаш бели кратки шорцеви во Њујоркер за 350 денари! Вршат работа а и џабе пари се. Искрено низ Скопјево само таму видов асален попуст..другиве мачкаат очи као демек попуст уствари нема врска ништо асално не наоѓаш испод 600-700 освен можеби рамбовки кои и по нормални цени се толку!
ја има во чаир јас таму одам а можеби ја има и на др места ама не сум сигурна, а инаку оваа во чаир што е се наоѓа на самата автобуска, после битпазар одма втората автобуска, пренди мислам дека се вика какви се одприлика шорцевите? ако можеш да постираш слика пошо баш и ја си барам такви шорцеви ваква мислам дека видов во бутел кај сп маркет нели има продавнички е таму заглеав сеа не е баш иста ама таква е одпозади