Ми треба куфер да не е премногу скап зошто ми треба само за во еден правец за во авион, ама барем да ми издржи до таму. Гледав во Дуки дасо пластични, дали имате искуство со нивните куфери? Или каде што има спортска опрема?
Иди си во џамбо има за 1000денари убави куфери. Не се кој знае што, ама ако ти треба само за едно користење не вреди да фрлаш повеќе пари, пластичните се поскапи мислам дека. Мама така купи за брат ми само за екскурзија, па еве уште го користам за одење на викенди, затоа што е среден и е таман да спакувам работи за 4-5дена, без дополнителни торбици.
Никаде не си најдов комбинезон како што барав или долг фустан евентуално. Препораки за низ Ск, бутици кај шо можам да најдам нешто поелегантно така ама па не и ептен, за 18ти роденден ми е и уште недела дена имам максимум да најдам... Вака нешто барам, па и сличен фустан би можело да е, не мора стриктно комбинезон, битно сакам долг да е (ми се здосади од кратки фустанчиња, да сменам малку).
Ipanema Преубави, преудобни, квалитетни. Вредат за цената. Доколку ти треба поевтина верзија тогаш има во Сара Фешн, околу 300ден се
Кај можам да најдам низ Скопје фустаначиња за на свадба? Не сакам да се со шљокици, туку малку поелеганти, кратки.