Здраво, не знам дали е за тука прашањето доколку не е слободно избришете го Ме интересира каде можам да најдам оригинал парфеми (Armani, Bvlgari, Givenchy) по поефтина цена од Космо, Шатци..
Освен на free-shop никаде на друго место. А и таму цените не се драстично поевтини. Тие демек тестери на оргинални парфеми што ги има по страните на фб се фејк.
Не е точно дека нема никаде парфеми во Мк оргинални освен во фришоп. Конкретно во Куманово има продавница со ОРИГИНАЛНИ парфеми. Наефтино ќе најдеш во авион доколку патуваш. Јас секогаш така купувам.
Девојката прашуваше каде има оргинални парфеми по пониска цена од Космо, Шатци. Затоа и одговорив на фришоп. А не дека само таму се оргинални.
Кога одиш од Соборниот храм, накај Сити мол, по Партизанска, вртиш на првата споредна улица десно. На едно стотина метри, на самиот ќош има две книжари, во околината има и повеќе. Едната од тие две книжари е многу снабдена, има се и сешто во неа, се надевам дека таму ќе најдеш! Можеби и тие во околината имаат, на времето сите тие беа многу снабдени!
Каде има во Битола ваков модел на фустан ? Бојата не е важна. Важно е да биди со вакво деколте. Или евентуално, кошула/блуза со вакво деколте ?
Ваков фустан нешто како црн ама не беше чист црн туку како со светки нешто имаше кај донерот наспроти ваикики не од левата страна кај супер цени туку од десната како мало продавниче е. Провери види 1800 мислам беше. Ама сепак прошетај види по чаршија и сега дека крај на сезона има попусти
Прашањето ми беше за поефтини од дрогериите кај нас. Поточно дали има некаде некој што носи од страна само попопристапна цена. Инаку кај во Куманово има продавница со оригинал парфеми? Всушност која е и кај се наоѓа?
Здраво ,нов сум на форумот па неможам баш и да се снајдам ,со една другарка сум скаран веќе 8-9 месеца па би сакал да ја изненадам со мал подарок,да го испратам по карго,ве молам за помош,дали тоа да биде рачен часоник.некој златен ланец,нараквица или незнам ни сам што да биде тоа, ве молам девојки помогнете ми,благодарам од напред .поздрав
Јас лани си купив слични т.е порачав од една страна на фејзбук, ако си заинтересирана можам да ти ја пуштам страната па разгледај
Мене прво што ми паѓа на памет и за мене е позначајно од накит е кошничка полна со работи кои таа ги сака. На пример нејзно омилено чоколадо, омилена книга, свеќа со омилен мирис, чаша со натпис што ви значи во пријателството, вино што го сака ( се разбира доколку е над 18 години) некои други работи кои знаеш дека ги сака. Така би знаела дека вашето пријателство тебе ти значи и дека обрнуваш внимание на работите кои ги сака таа. Еве неколку примери за да видиш на што мислам.