Каде можам да најдам едноставен мазен градник со прерамки што не се вадат? Црна и бела боја, а може и други бои успат. Ми требаат за припиени маички, да не двои многу. Имав еден преубав порано, што беше налик на горен дел купачи и веќе не можам да начекам никаде. Spoiler
Ме интересира дали можете да ми помогнете, дали и каде во Македонија може да се купи парфемот Charlie Blue на Revlon? Во Србија ги има, ама не знам како да нарачам од таму, немаат достава до Македонија... Им пишав на Ревлон на ФБ пред недела дена и уште ми немаат одговорено.
Побарај низ сите парфимерии по градот (Космо, Анабела, Шатци, Еликсир...) и по помали локални парфимерии што не се дел од овие набројаните. Исто провери и по ДМ маркети, Веро Центар.. За Србија знам дека ги има во Лили и Дм маркети, а не сум сигурна дали некаде и низ Мк ги имам видено...
Кај можам да најдам сеуште ваква маичка, иста боја во Битола.. ( Ова е од triumph ), но ваква боја нема..
Кај да барам памучни хеланки како за по дома, ама да имаат некои дезени да не бидат од еднобојните? Во Стружанка нема.
Ваква маичка гледав во бутик Models, дали има уште не знам Побарав на фб, овие ги најдов, ама сите се постари слики. Spoiler
Му пишав на fashion look пред 1 час па да видам.. И во kalisi, ама ептен е отворено дури за тие шо имаат поголеми гради стој ептен грдо, не е убо ниту секси, баш грдо, не го земав, а убавко е Девојки пак хелп, сестра ми бара вакви модели и слични ( ракавите да му се такви ) барав по бутиците ама ништо не најдов, не е битно од каде е, само некаде кај шо вршат достава..