Може ли да ми препорачате продавница или од овие ФБ страници што продаваат облека за ваква јакничка или палтенце? Превртена кожа, кафеава јакна или розево палтенце/наметка, до кај 1200/1500. Фала!
Ваква кошула да не имате сретнато негде по интернет продавници ? Или некоја членка од Бт да кажи каде да барам тука
Најобичен црн фустан, супер би било да има и карнер доле како на сликата? Овој е од Зара, ама го немаат веќе.
Иако и јас бев скептик за купување било какви обувки од вакви продавници, лани земав многу сличен модел. Не очекував некој квалитет, ама ги изнаносев цела зима, по дожд и снег, не се лизгаа и не пуштаа вода. И доста се удобни на нога. Само да знаеш дека не држат топло... со два пара дебели чорапи обавезно.
Како сте задоволни со долната облека поточно градници од Сара фешн? Лани купив еден, но испадна катастрофа... Сега не знам дали пак да земам, може тој дека беше на акција и поефтин така испадна или стварно не ги бива...?
Од НББ се супер имам еден од пред 3-4 години,го утепав од носење. А за тие обичните не знам што да кажам, не ми изгледаат квалитетни.
Јас сум задоволна од тие,само тие од 135-145 денари кратко траат,поиздржливи ми се покажале поскапите.
Јас купив пред неколку години (3 или 4) и морам да кажам дека бев позитивно изненадена. Ги платив околу 30 евра, црни, превртена кожа материјал, со малку подигнат ѓон и ги утепав од носење. На страна тоа што одговараат скоро на се, преудобни се и на толку носење уште ќе тераат. Мислам дека вистинска кожа би требало уште повеќе да траат, ама како најбитно нешто би издвоила при самото пробување да ти се допаднат како лежат на нога и да не те притискаат. Продавачките во било која продавница знаат да кажат дека ќе попуштат и најчесто е така, ама доколку се ептен тесни со самото ширење ја губат формата и материјалот се оштетува.
Јас имам забележано дека повеќето од градниците што они ги продаваат може да се најдат по тезгите на бит пазар за 50, 100 денари поефтино.
Во сите добро снабдени продавници кај што имаат сервиси, чаши украси... Бт баш видов во Ве-Ви-Т2 по 1 400 ден беа Вакви панталони и комплет да не знаете кај може да најдам
Дечки каде можам да најдам фустани долги свечени ама не теткински туку нешто како во "Нана" ама не толку скапи.
Првата слика е од бутик во Велес, MUST HAVE. Најди ги на Facebook или Instagram, мислам дека имаат. Јас носев такви на апсолвентската, 1200 ги купив. А за вторта слики, побарај Ки Вест (Key West) исто на социјалниве мрежи, видов дека прекрасни комплети имаат. Или ако ти носи патот накај Велес..
Јас купив пред 2 недели од тие градниците што им беа на акција, по 145 денари. Искрено, презадоволна сум. Досега немам најдено градник што ми легнал толку добро како овој од Sara Fashion. Мислам дека е ок за парите. Од поскапите модели не сум купила досега, ама мислам дека ти е подобро да одиш во некоја продавница за долна облека и од таму да си купиш. Истите градници како да се 100 пати поскапи во Sara Fashion од било која друга продавница.