Девојки сте ја виделе ли јакнава негде? Ова е од creative.mk, но многу негативни коментари читав за нив по домаќински муабети дека сосем други работи испраќале и не сакале да заменат, па не сакам да ризикувам од кај нив..
Mozes da si simnes aplikacija Zara i da proveris dali ja ima, inaku mislam deka ja imam videno ama ne sum sigurna.
Провери во продавниците за долна облека, а и во Њу Јоркер и Минисо (тоа јапонското во рамстор) имам видено сет со онакви налепници за брадавици, со продолжетоци на прерамки па можеби има и нешто такво во миксот. Ама јас нарачав од Ebay и морам да признаам дека стигна брзо, за 2 недели отприлика.
Секаде можно каде што се продаваат чанти, ранци, нешто за спортска опрема.. За убави пари, ако сакаш, имаш на Бит Пазар, скоро истите што ќе ги најдеш по продавниците.
Дали некоја знае во златара, на пример во гтц или низ чаршија златарите, дали има едноставни кружни златни обетки и колку би чинеле од прилика? Крукчиња, не оние огромните ко алка туку помалечки.
Знае ли некоја дали новото Мега фешн во Нерези (пред мостот Обединети нации) е отворено или сеуште не?
Девојки каде можам да најдам обични џемперчиња со пониски цени, да не се како во сити мол по продавнициве по 2000 ден. низ Скопје? Да си провериш во шутка најубаво секогаш имало и доста поевтини..