Каде да си купам поевтини долни тренерки ко за по дома? По можност не во Шутка и не од онлајн продавници. Битно ми е да се долги, пошто сум доста висока. Многу барања имам...
Јас често купувам од ваикики, баш обични тренерки, ги има на сиво, тегет, црно. Околу 500ден.се мислам. Инаку и јас сум висока, и немам некој голем број со должината, којшто често ми се случува.
Проверете во LTB. Во последно само таму наоѓам фармерки како што сакам. Плус ми се покажале како доста квалитетни, за разлика од други (Бершка/Зара и тн...)
Јас често купувам на попуст во Пеко или Биана. Види можеби имаат некој попуст сега, јас купив пред два месеци црни штикли и беа околу 2000 ден од Биана.
Нормални би рекла за квалитетот. Околу 1500-1600 се женските. Кога беше попустот до 15ти септември на пола цена беа.