Дали имате видено некаде убави скаени панталони по нормална цена? Секаде каде што гледав се или како хеланки или 2000+.
Здраво, дали некој си има нешто купено од бутик Joxx во Capitol, ме интересира околу квалитетот нивни, се мислам за една јакна од таму?
Каде да најдам долги фармерки за високи долги нозе? едно време си наоѓав во Манго... а сега некако како и тие да не ми се ок должина, се ми се кратки и чудна должина, ептен ми се гледа глуждот, ногата.... 180цм сум, каде да барам убави долги? Вчера пробав на Бершка, во Зара и Ваикики... и се изнервирав веќе не шетав
Јас последно купив од LTB и се баш долги, јас сум пониска и ќе треба да ги скратам обавезно. Провери таму, може ќе ти се погодат.
Дали негде низ City mall некој има видено вакво или слично pencil здолниште? Битно ми е да е со sparkles и тесно ... Јас барам уште од лани кожени .. Пиши ако најдеш
И јас сум иста висина и веќе се откажав од тоа дека ќе најдам убави долги фармерки. Инаку можеш пак да провериш во Зара ако донесат нови модели, имам неколку фармерки од таму со должина до глуждовите, само со понизок струк се.