Девојки, има ли попуст во Peacocks? Видов на сајтот има многу ефтини убави работи...дали и кај нас е така?
Има попуст на излог пишува 30%, но вчера бев и видов внатре на дел има и 50%. И ја обожавам продавницата од причина што колку се цените во фунти на интернет, слична цена се и кај нас. Е сега избор нема многу зашто во споредба со тоа кога се отвори многу е изнакупено, многу, посебно накит реков ќе се вратам да докупам и сеа цврц чекам есенска роба ) Облека за на плажа и одмор има многу, а и солиден квалитет цена уште подобра. Џоа реклама сум а само едни патичиња за 450 денари имам од таму
Од каде да си купам вакво синџирче? Значи само синџирчето без привезок обично само така, немора да биде ваква боја како на сликава. Битно ефтино да е, не ми се даваат многу пари за синџирчиња
Штотуку го купив од Пренди Чаир... Реков не купувам за инает морнарско фустанче зашто секоја втора носи исто... ама ова за 200 денари плус и не е како сите други што ги има низ град како униформа
леле за три дена видов 10 вакви искрено многу ми е бајато и со тоа црвената машна кичесто. Баш седам во автобус и се чудам како ли може девојкиве да го носат чудово. П.с. Исто вакво до точка секоја втора го има
Ако си од Скопје, имаш во продавницата за монистра што се наоѓа карши Кинг Бургер, а ја има и во зградата на Зоил. На мерење иде синџирчево и не е скапо ич, ама незнам точно колку беше. Имаш и различна дебелина и боја.
Ок да го носат 99.999% ама ретко излегувам во Скопје така да се надевам ќе го износам за 200 ден некаде макар и еднаш два пати
На двете ви треба истото место-имате бижутерија Софи во ГТЦ, а во ТЦ Бисер во Аеродром освен Софи, ја имате и бижутеријата АБЦ(мислам така се викаше) што е одма до Софи...
Каде да најдам вакви летни чизмички??? по можност во прилеп и дали знаете по која цена можам да ги најдам ??
^ За во Прилеп незнам ама има во ГТЦ на 2 една продавничка Paolo Botticelli има и високи и ниски над глужд вакви чизмички. Мислам дека високите беа 2000 денари