Дечки, каде можам да купам шоља/чаша онаква како табла што е, да може со креда да се пишува по неа? Ми треба за денес, нешто што работи во сабота.
Прашај во Лептокарија на прв ред има едно дуќанче со чаши, маици, и тн...персонализирани подароци и таквинствари. Може да има таму или да ти кажат каде да најдеш.
Шутка 200 денари се. Завчера бев видов Кај можам да најдам струкиран црвен капут, до 1700-2000 ден највеќе?
Види во Зара, VIP, Kopela... Знам тие имаа едно време по објавите на инстаграм . Јас исти вакви само со сиво зедов од еден бутик впазар само не ми текнува како се викаше....на два спрата што е, горе со свечени фустани.
Каде можат да се најдат rainy boots (чизми за дожд ) по некоја нормална цена ? Ги гледам по градов али повеќето се околу 3000 ден .
Сликава е од пред 1 година, но да прашам случајно дали сте ја виделе ташничкава периодов во страдивариус?? Ако веќе ја нема, каде би можела да најдам нешто слично како овие две? Ми треба баш оваа боја со мал детал (приверзок,марама) во друга боја за да разбие и обавезно долга рамка.
Ве молам за препорака од каде сте задоволни за панталони.? Последно купив бордо и сиви од Калиопе ама имаат многу ликра и по неколку носења се растегнуваат и ја губат формата.... Само да појаснам, не мислам на класични панталони со коси џебови и фалта по должина, туку по обични, фармерка модел само во боја....
Од Бершка oвој модел, бордо, маслинести, црни, бели и уште некои. Јас ги имам во 3 различни бои и презадоволна сум.
Кај да најдам црни шорцеви кожни ама да бидат со висок струк и да се пошироки, да не се тесни и залепени за нозете?