Види во Waikiki и Zara. Имам од таму купено слични, без ластик и преклопот е преку цела кошула (мислам до долу) а не до половина.
Каде можам да најдам фармерки со прерамки? Пред некое време гледав во ваикики во капитол ама сега не можев да најдам такви.
Каде да најдам зимски пантолони/тренерки, значи не мора класични ски пантолони, меѓутоа некои што ќе вршат работа за на снег? Или убави подебели хеланки за истата намена? Имав лани хеланки ама ги подарив и сега останав со на мразот!
Нормално струкирано капутче ?! Сите што ги видов се вреќи. Аман! Spoiler Ко плашило за во бостан сум со такво.
Нема, сега у мода се такви очигледно. Денес цел мол го свртев во овие чеин продавници, не видов струкирано никаде. Да провериш во Макпримат таму треба да има покласични модели.
Купив еден пар од Ваикики, меѓутоа не се нешто посебно дебели односно немаат внатре микрофибер, меѓутоа ок се не се како обичните тенки. И купив уште еден пар од она евтини цени купи евтино така нешто, е тие се подебели, внатре се со микрофибер тенок слој. Меѓутоа ни едните ни другите не се она што замислувам Ако најдеш кажи
И јас барам хеланки/пантолони некои на снег што ќе можам да ги носам, исто и некоја подебела јакна, се што гледав се ептен кратки, ќе ми измрзне половината исто барам и спортски чизми што ќе можат да се носат на снег ама не оригинал, не многу скапи.
Кажете некое дуќанче било каде низ Скопје кај што можам да најдам потенки блузи на долги ракави. Ниедна немам. Накај 300-400 денари, не барам којзнае каков квалитет, само да купам 10тина за да имам што да носам за секој ден