Девојки, каде во Скопје можам да најдам убави, едноставни, свечени фустани? По можност цената да не им биде превисока ☺️?
Јас си ги купив истите од странство, околу 1000 денари ги платив во наши пари, ако бараш сеуште , јас за две недели се враќам во Мк, може да ти земам ако има твој број и таа шара сеуште, па ќе ми платиш таму, ако си од Скопје.
Во Њу Јоркер гледам на сајтот има попуст на зимски јакни, дали има избор или веќе се е потрошено? Или во Ваикики, Теранова итн Да не одам за џабе до Скопје.
Во Nana како што гледав последно новите колекции нема нешто под 6/7000 а вака не се нешто специјално.. Тука па во Битола еден бутик што ги држи нивните фустани нема шанси да симнат цена иако фустаните буквално им се од 2014!
Женски од Струмица, деновиве сум таму, барам долг фустан, без ненормални цени, може да ме упатите каде да одам?
Каде можам да најдам вакви нешто, пролетни јакни, само не толку светли бои по можност да праќаат по карго
Спомнавте Стружанка, па дали знаете како се движат цените на постелнини за спална(мислам дека имаат таму такви работи!?) ?