Во Спрингфилд имаше вакви, јас си земав од овој тип ама тексас..1800 беа, сега не сум многу сигурна дали ги има уште
Девојки помагајте !! Барам патики веќе 2 месеци и н и к а к о неможам да најдам. Дали знаете каде има некои убави, ниски и секојдневни патики до 4000 ден. да речеме? Помошшшшшшшшш :/
anastasijaki...хаха и јас се чудам како не најдов до сега бев во конверс и ми се допадна значи многу 2 пара патики но немаше мој број. Во најк без везе ми беа..т.е имаше едни убави но бојата беше плава (барем да беше розева,ќе ми одговараше повеќе) Ааа сега деновиве сакам да одам во Sport M кај салата Борис Трајковски, па ваљда ќе најдам нешто Многуууу сум комплицирана кога станува збор за патики или обувки
Така убави дуксери, да не бидат преедноставни ама ни пренаџиџани, како да ви објаснам.. некои како во раперски стил, така долги и широки. После некои тренерчиња удобни за носење, ама онакви исти раперски и такви некои фармерки. Аааа ии блуза од Еминем по можност, а ако не таква црна, широка, долга.. Абе пак некоја раперска. Ајјааа, ама им се запнав на рапериштава.
^ Имаш продавница во скопјево за рап облека и не е една мислам има 2-3. Јас имам видено една во центар ама точно не ми текнува каде е.. (искрено не ми текнува ни како се викаше продавницата). *Инаку да не имате видено низ Скопјенцево наше вакви балетанки? Само да се со машничка убава напред и кремасти да се
Сега немам видено баш вакви, ама порано имам забележано. Не сум ги купила поради цената....мислиш машни како дијаманти вредат хахаха. Сепак, побарај во Ил камино....јас порано таму имав гледано и види во Адамс шуз. Spoiler Мој совет ти е да си купиш обични балетанки, направи си машнички за кои имаш милион туторијали и проблемот е решен. Плус ќе си имаш во боја каква што сакаш
Хип хоп шоп, мислам беше најгоре во трговски до една продавница за купачи. Не знам како стојат со цените, ама имам слушнато дека се повисоки од останатите продавници. Или пак, купи си машки дуксер од Еко или Елит во помало бројче, поефтино ти се фаќа. Ем и волкот сит, и овците на број.