Ѕирни ги staysafemacedonia на инста. Имаат интересни, шарени, со дезени, само не знам со цени како се.
Женски каде можам да најдам маички на кратки ракави со чипка во V-израз? Претходната пролет ги имаше секаде (еднобојни со чипка само по V-изразот) , сеа сакам пак да си купам ама не знам од каде..
Дали кај нас ги има овие кармини некаде? Менува боја според pH вредноста на кожата, порано биле доста актуелни.
Дали некој знае од каде би можела периодов да купам/нарачам тексас комбинезонки? Оние со долги ногавици и како трегери горе. Фала!
Tie dye маички или тренерки? Било што tie dye? Не ми се чека да нарачам од странство Или евентуално бои за текстил каде да најдам па сама да си правам
На сајтот на Бершка има слични https://www.bershka.com/mk/tie-dye-print-dress-c0p102326015.html?colorId=402
Црни маски за лице каде можам во Скопје да купам? Во Зегин знам дека има бели.. црна таму да побарам?
Јас имам купено од тезга на Зелено пазарче. Тезгата е спроти чешмата. Жената продава и конци, ластици.
Лептокарија, продавничка за долна облека е, има секакви па и црни, се перат 5 за 150 ден, продавничката е одма после т мобиле и телекабел Најевтини ти се во Џамбо