Здраво...каде можам да најдам он лајн, комплет панталони со горен дел ама да е на прерамки дебели или куси ракави...пред неколку дена ми излезе но неможам да најдам однапред благодарам
@soffce @rainbow_bb видов во теранова на плоштад на излог имаше 400 денари. Материјалот личеше на памук
Здраво...каде можам да најдан он лајн костум, а сакото да виде вака како на сликите на прерамки...доколку знаете пишете ми ви благодарам
Жени, garter belts ама црни може и висок струк, за високи чорапи има ли по пазарите?? Барав низ чорапарите, сара фешн и сл имаше црвени само а и не беа убави.
Преубаво изгледа. Би ти предложила да побараш на Алиекспрес, да бараш под декорации за коса и слично па можеби ќе излезе нешто (иако вреди да се спомне дека поради моменталната состојба не доставуваат пратки од Алиекспрес моментално, па ќе треба да почекаш додека не ги отворат аеродромите повторно).
X intima, Bonatti, New Yorker, Sara Kolant провери? Дури мислам дека и во една локална продавница за долна облека во ТЦ Бисер имам видено. По пазари треба да има, најчесто се со механизам на подесување должина на траките, така што можеш сама да си одредиш должина.
Аеродромите се затворени само за превоз на патници, а не и на стока. Слободно можеш да нарачаш од Алиекспрес, стигнуваат пратки. Минатата недела добив 4 порачани во април.
Јас сакав да нарачам нешто, па исконтактирав со селерот и оваа информација ја добив од нив - не вршат достава на нови пратки кон Македонија додека не се расчисти ситуацијата. Можеби зависи од селер до селер, кој како ќе се осмели да прати. Најверојатно се загрижени дека нема да стигнат на време па многу од купувачите ќе им ги бараат парите назад и на тој начин би биле во загуба наместо во добивка.