Дечки каде можам да најдам вакво округло шеширче? Во a'accesiries има, ама си велам да не можам да најдам некаде поевтино. Таму е 1300 денари.
Девојки каде да најдам некои вакви комплети, не исти туку овој тип нешто како несекојдневно од online страна ама да не чекам многу.Цената не е битна
Каде има некои интересни наметки за по дома, летни од потенок материјал, но да не бидат многу скапи. До кај илјадарка некаде би било океј, не ми се даваат премногу пари.
Дали знаете некои страни на фб/инстаграм со интересни летни широки фустанчиња кои вршат достава низ мк, барам нешто за излегување од болница после породување, не знам колку се повлекува стомакот за 3-4 дена, да е комотно, но не трудничко
Каде можам да најдам шорцеви со висок струк, но да бидат од добар материјал, не како за по дома или за на плажа. Доколку е онлајн да биде страна каде нема да чекам месец дена. Во Теранова 1200. Поефтино од тоа тешко дека ќе најдеш.
Дали некој знае каде да најдам медицинска униформа во Куманово?? Има некои 1, 2 дуќани но не е квалитетна
Здраво , каде можам да најдам некоја блуза кратка по можност бела за на ваква сукна златна(свилена) и бели патики ? Во Прилеп или Битола , или некоја интернет страна но да не биде прескапа. Може да биде со шара како трепки што има (мислам дека ме разбравте што сакам да ви кажам)
Значи ве молам, дали имате видено било каде во мк вакви слични фустанчиња (и безразлика дали само онлајн бутик) ..значи кратки широчки летни со интересни дезени лабавки фустанчиња... не знам дали ја немам видено или стварно нема ама два месеци барам и не сум нашла...