Не знам дали сте биле во Спрингфилд во последно време, ама има едни чизмички, ептен ми се свиѓаат уште поодамна, ама беа 5000 и не ми се даваа толку пари, па ги чекав на попуст. И сеа пред некое време имаше попуст и беа намалени на околу 3000 мислам и сакав да ги купам, ама кога отидов пак - ја вратиле цената ! -.- Е сеа сакам да ве прашам, да не знаете кај можам да најдам слични такви чизми ?
Јас да ви се пофалам вцера си купив панталони маслинести од хепенинг и целосни панталони т.е хеланки се,има попуст на 50%.
Каде можам да најдам вакви слични фустанчиња, до колена должина, шарени, весели и разиграни и не скапи. Ениуан???
СвитиТвити такви како првото и второто смао без прерамки мислам дека беа шаренки беа имаше во Еко шопинг на една од нивните тезги или како да ги кажам кога прашав ми рекоа 400/450
А дали знае некој каде да најдам апостолки, не нешто премногу посебни, за на плажа, ама да не е гумено тоа за меѓу прстите?!
Каде да си најдам кратки панталончиња тексасни, ама со топ ? Ако знае некој каде да барам нека ми пише
Во Теа модерна читам дека во Смики има промотивна цена на женски кожени кломпи 900 денари.Соравиа 2 кат Убави модели на женски `чевли` има во матстар matstar.mk И има многу уабви фустанчиња во теа
Јас имам убави апостолки за на плажа сино-кафени, без гумено меѓу прстите, ама лани си ги купив од Мат Стар. Побарај таму Старфиш
Старфиш јас лани си купив апостолки од ранерс, не е тоа гумено меѓу прстите, мн се убави и оваа година си ги носам, мислам дека беа 430 или 470 денари не знам баш не се сеќавам точно
Од никоаш не ми е јасно зашо толку се палат на купачиве???? Па ништо не моеш да исунчаш со овие, цела ќе бидеш шарена, тоа е нешто што најмногу мразам... Ја по можност гола би се сунчала Шала на страна гледав не вакви, ама слични во Лиска, ама лани.. знам братучедка ми се напали на нив, имаше сребрени, плави.. и не знам шо други бои, и беа 4000 и кусур... и у елит имаат оваа година донесено баш приметив, ама многу им се некако мизерни, по 800, 900 денари, ама не е тоа тоа... Сепак секој со својот вкус
Епа планирам да ги носам на крајот од одморот...последните неколку дена...прво ќе носам дводелни за да добијам боичка па после вакви...ако најдам во секој случај фала ти ќе одам утре да прошетам низ град да најдам...незнам зашто ама се заљубив во купачиве
Не фер, морам да ви се пожалам, си најдов супер купаќи, во Рамстор баш какви што сакам ама 1700 денари,а не можам толку да си одвојам од мојот скромен студентски буџет, па ако видите некои поевтини нешто во ваков стил известете ме.
мислам дека имаше вакви модели во ГТЦ трети спрат до ЕКО една продавница, не ми текнува баш на името. и ефтини се.