во аб бижутеријата видов во гтц што е ама пред некое време најверојатно ги има уште, и тоа рачката се витка така?
Има во АБ и во Ботони има слични саати и какви 4000 илјади бре што зборите не се бренд. од 300 до 800 денари отприлика. Аб е поефтина од Ботони, така да прво отиди во АБ И јас пак да прашам и тука има ли некој купено нешто од Oxette??? Скапи се работите па дали вредат за парите. Да не се зафркнам Посебно за часовник ме интересира.
Ау па скупи сестро . Од буџетот како што налетов на капување 2 пара патики (најк и адидас по 3,500 ден.) за саат не станува збор. Well, др. пат. 10x! едит; Сега го видов мислењето на росонерка, е тоа е даље поприфатливо. Фала!
Сакаш оди плакни очи во една доста скапа продавница во К. Вода. На раскрсницата кај Трафик. Го поминуваш Трафик и вртиш одма десно. Ќе поодиш малку, али нема шанси да ја утнеш. После и онаа горе во ГТЦ после Еко. На Тони Зен продавницата што ја викаат. А вака поефтинки му купувам на брат ми од Зелено пазарче. Има истиот човек до тезгата со маици и тезга со парфеми. Обично зимно време има добри дуксери. Тука повеќе се за машки, но можеби ќе најдеш нешто. Имаше и една друга продавница во ГТЦ, но не знам дали работи сеуште. Имаше производи на Џек & Џонс, ако ја знае некоја од тука нека ја каже бидејќи не се сеќавам на името. После можеш мислам дека и во Токсик да најдеш нешто интересно, широко, шарено.
^^ Фала многу Ани. А иначе за таа продавницата во Кисела Вода, ауу не, јас баш барам поефтино. Само да не знае некој како се вика таа продавницата карши Вулкан што е, е во таа има убави дуксови само мислам дека не беше и таму баш ефтино, знае некој отприлика колку се движеа цените таму? За продавницата на Тони Зен, ја знам таа, баш ќе ја видам.. Само, каде се наоѓа тоа Токсик? Познато ми е ама не ми текнува каде се наоѓаше.
^ Токсик ти е во гтц позади (оноа за беџови и чуда го забораив како се викаше). Инаку имаш и во Ејсид (Acid) исто е како ова Токсик(мислам дека и него сега го прекрстија во Ејсид) ова ти е спроти рамстор кај зградите што се одма доле од главната се гледа (одма спроти влезот на рамстор).
Саат немам, имам ѓердан и 2 пара обетки, си ги вредат парите, квалитет во права смисла, прекрасни се. Точно за саат не знам, ама ова што го имам е прва лига, претпоставувам би требало да важи за целиот накит.
Пак јас на една од омилените теми. Бидејќи единствените циклама штикли што ми се допаѓаа ми ги купи другарка пред нос, а ја пропуштив шансата кога ми пиша Марама еднаш многу одамна, сега ми треба информација, дали некаде во Скопјево има циклама или тиркизни штикли. Ама штикли, не плута, цената не е важна.
ај побарај во аванти има преубави штикли на попуст се околу 600 ден ја имаа дадено страната на фб шо им е а штиклите се преубави
Баш од аванти ги имам купено јас моите, и ги немам облечено ниту еднаш, темно розево се-циклама, тогаш јас ги земав 1500ден. тоа беше пред 2-3месеци, побарај може ги има уште П.С. само да те предупредам не се воопшто удобни и се многуууу високи
Женски знам за кои ми зборувате. Мене тие и ми се допаѓаа на почетокот, ама како што кажав, пред нос ми ги купи една другарка. Затоа сега барам пак....
Продавници може колку сака да има, ама јас сигурно нема да носам со другарка ми исти штикли. Значи не го барам истиот модел...
Старфиш тиркиз штикла имаше во ГТЦ продавницата за чевли што е меѓу Пеко и Виктор Шевињон. Штикла тиркиз значи, а не плута. Мене ми беа преубави, ама и скапички и квалитетни. Но сега со попуст треба да се прихладна цена. Провери си.
Знае ли некој кај може да најдам интересни детски женски ташнички слични на оваа, не мора да е со Китти.