Не се толку квалитетни, види во Superstacy, Runners или некоја друга продавница за спортска опрема. Reality sport има добри, во Д спорт баш се ефтини, не знам баш за хеланките какви се.
Каде да си најдам вакви mom jeans? Не сакам да се скинати и да е шарен тексасот. Сакам едноставни без ништо на нив, regular сина боја, убаво да ја пратат линијата на телото и убав тексас да се. Вчера барав во Сити Мол и сите што ги видов беа скинати, прошаран тексас, темен тексас, немаше 36ка за мене, дури имаше и од оној ужасниот тексас што му останува непријатната миризба секогаш... Сè имаше, само вакви не најдов
Баш вакви хеланки видов во Вајкики. Не се сеќавам што точно им пишуваше на делот каде што на овие пишува Најк, ама овој модел беа. Мислам дека беа околу 600-700 денари најмногу.