Немој да се лажеш да нарачуваш од такви страни.Што ќе ти се евтини патики кога не се квалитетни.Разгледај во спорт м има убави модели по пристапни цени.
Фала на советот, претходно имам порачувано од една страна веќе не се ни сеќавам како се викаше, и патиките беа ок, а по 1000 денари беа. Па почнав од спортските продавници оригинал да си купувам али скапи ми се, од 3.000 нагоре, и сега викам можда некој има искуство па да препорача некоја добра страна за онлајн
Истите ги имаш на бит пазар. А можеш и да се ценкаш. Тренерки исто така. Али ако ти се за кинење, нарачај. Јас одам на варијанта квалитетно, па ако треба ќе дадам и повеќе.
За страна не знам да ти препорачам, ама можам да ти кажам почесто да влегуваш во Спорт М.Еднаш влегов да купам патики и цената им беше над 50е, а ми ги дадоа на каса за 1.000 денари зошто биле последни. Така да, може да се случи да излегуваат од сезона и да ги земеш оргинални за ниска цена.
Во џамбо Зависи до колку пари сакаш вчера бев во ситу мал и во дите продавници што влегов имаше убави ама во зара рдниот беше 3000 а во терановс 1000 и нешто сма во зара материјслот беше подобар
Голем фан сум на елеци, но не би ти препорачал за земеш шушкав елек, од причина што тој материјал е многу склон на кинење, горење и тн. Ова ти го кажувам од искуство. Во Ваикики сигурно нема, проверено и за женски. Види во Њујоркер во Сити Мол, во ГТЦ во Еуроазија (прв кат) и Мохито (на приземје). Последниве две продавници носат роба од брендовите (само постари модели) Mohito, H&M, Cropp, House, Reserved, брендови што ми се лично проверени во Софија и сум задоволен од облеката. Во овие продавници би нашла нешто по прикладна цена, а ако сакаш ексклузива, тогаш барај во продавниците во Сити Мол (Зара, Манго, Страдивариус и тн.). Мада за таков тип на елек јас лично не би фрлал многу пари со оглед на тоа дека материјалот е лесно подложен на оштетување. P.S. Да не ме сфатиш погрешно дека ти кажувам што да правиш и каде да купуваш за свои пари, туку сакам само да ти дадам пријателски форумски совет.
Па овие се копија на мартинки ако ти се даваат пари за оригинал имаш во артурс и офис шус а ако не имаш во ваикики