кратки шорцеви тексас ама да не се жешки него така да имаат должина видел некој некаде по пристојна цена??позз
јас слично вакво скоро да не речам исто си најдов во еден бутик во трговски незнам како се викаште, мал беше некаде позади ке му дојде на приземје мислам карши некој од тие кафичите.. континент, чиао.. на таа страна беше бутикот
Девојки сакам да ве прашам, дали некој има купено ташна од фабриката на Дуки и дасо во Неготино и како се движат цените? Да знам дали ми се исплати да одам или не.... Фала однапред
Дуки и Дасо во нивниот магацин пуштаат само правни лица кои купуваат на големо (или евентуално со јаки врски). Ако си единец ќе те пратат во нивната продавница во Неготино која е ефтина, но секако не поефтина од магацинот. Така да ако си сама не тргнувај во Неготино за цабе, нема да те пуштат, освен ако не одиш во Неготино во центарот во нивната продавница. Јас најдов во Скопје карши средното Борис во Кисела Вода таму цел акцесорис е од Дуки и Дасо и дефинитивно е најефтино во Скопјево, поефтино и од слична продавничка со истиот бренд во Скопјанка што се наоѓа. Колку за споредба купив чанта за подарок од таа продавница 500 денари, истата во ГТЦ ја најдов во 2 продавници, едната ГТЦ 1 кат веднаш до ескалаторите некаде кај Фиоранџело малецка продавничка за 1200 денари и во ГТЦ приземје до Ботони одма продавницата за 1400. Разлика оооогромна!
Каде да си најдам вакви фармерки во бои??? Видел некој некаде?? Тиркизни, плави, темно розево, жолти...???
Женски бев на шопинг пред некој ден да се расположам малце се вратив со осмех од шеска до шеска си најдов убави работи на попуст по продавничкиве ем ефтини ем многу фини работи..прошетајте си убаво дури во Terranova Calliope Euroazija Ама разгледајте си убаво..тие што им искачаат од сезона веќе се баш приступачни можете супер да си ги искористите ем нема да се ошурите..Среќно ..ХОХО..
Ла-чика има на Зелен пазар, на крајот од пазарот(кога влегуваш од кај Градска болница) пред тоа тезгите со цвеќиња има една тезга со копчиња, патенти и има таму, тенките се мислам 10 ден. метар, а подебелите 20 ден. Има и на женски пазар, т.е. Бит-пазар еден куп колку ти душа сака, таму може и да се поефтини. Ова за цениве не ме фаќај за збор одамна купував, ама не верувам да се поскапи сега, ти пишав прво за Зелен пазар, зошто попристапен е но на Бит-пазар, на женскиот пазар има многу поголем поголем избор .
Срце, имам многу врски, вујна ми ми рече да дојдам идеме, без проблем она нон стоп влага таму, само ме интересира ви велам, дали има голема разлика во цени, сакам две да си купам црна и бела, па да не ми е за џабе патот... А оваа 500 што си ја купила ти е голема или малечка ташничка... Зошто ако е 500 ден голема не идам не се мачам...
Сега е рај во сите продавници! Сите имаат тотална распродажба и цените се смешни! Вчер во ЊуЈоркер имаше гоолем избор на маички и рамбовки за 199 ден! Ама беа убави не некои таму... Јас од таму си купив сукња со висок струк за 350 ден! Ја обожавам! Едвај чекам да ја носам негде! Исто така има и во BodyLine и EuroAsia доста смалени цени! Скоро сите ги даваат цените за помалце од пола! Во една продавница видов од 1500 смалено на 300 !!!! Така да повелеле
Девојки каде во Скопје може да најдам оксфордки? Само да не се со некоја ненормална цена ама па и да не се кинески Вака нешто сакам Видов само во ЕвроАзија оние што се со чипката ама тие ќе ги купам ептен ако не најдам ништо друго. Значи црно бели, црвени, крем, кафеави..не е битно само да не се кинески или прескапи!